Се намалуваат водостоите на реките

Водостоите на речиси сите реки во земјава бележат благо намалување во споредба со вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Исклучок се реките Струмица на мерното место Сушево каде има зголемување на водостојот од четири сантиметри во споредба со вчера и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е повисоко за 31 сантиметар во споредба со вчерашното, ...

Фокус на работниците, отворање нови можности за вработување и чиста енергија: Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026

Владата го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Во соопштение посочува дека со усвојувањето на Планот, Владата и Министерството „ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги...

Царина спречи обид за шверц на 5.050 штеки цигари, српски државјанин лишен од слобода

Царинските службеници на граничниот премин Дојран открија и спречија обид за шверц на 5.050 штеки цигари и електронски цигари со вредност од осум милиони денари. Како што информира Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги го лишија од слобода осомничениот српски државјанин, возач на камионот, против кој е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија...

Карановиќ е меѓу врвните 300 исклучителни лидери за глобална извонредност за 2025 година

ОДБОЈКА Извршниот директор на ЦЕВ и поранешен македонски одбојкарски репрезентативец е добитник на признание во категоријата за социјално влијание и цел Вук Карановиќ, поранешниот македонски одбојкарски репрезентативец и интернационалец, кој во моментов ја извршува функцијата извршен директор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), е избран меѓу врвните 300 исклучителни лидери за глобална извонредност за 2025 година, пишува Одбојкарската федерација на Македонија...

Ѓорческа се пласира во 2. квалификациско коло на Австралија опен

ТЕНИС Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре треба да игра со Тамара Зиданшек од Словенија, во второто квалификациско коло за настап на гранслем-турнирот Австралија опен, по победата во првото коло, на дуелот со четвртата носителка, Синја Краус (104. на ВТА-листата) од Австрија, со 7-5, 6-0, за 61 минута игра. Тоа беше трет меѓусебен дуел на двете тенисерки и втора победа на...

Не плашете се од вистината!

Во спомен на проф. д-р Кирил Темков Учителката му се налути на Диме затоа што ги задеваше децата и не престануваше ни кога го прекори. - Кажи им на родителите некој да дојде на училиште за да им раскажам што правиш - му рече таа. Диме замолчи. Се исплаши што ќе речат неговите. Реши да не им го пренесе барањето дома. Ќе...

Гидсел: Целта е да се освојат што е можно повеќе титули во најкраток рок

РАКОМЕТ - ВО ПРЕСРЕТ НА ЕП 2026 Никогаш не знаеш кога ќе се појави нов доминантен тим или дали ќе се случат повреди. Па, сега, кога сме тука со фантастичен тим и тренер, мора да ја искористиме секоја шанса за победа, вели Гидсел, десниот бек на актуелниот светски и олимписки првак, Данска Потребно е многу повеќе од талент за да...

Ученици од Крушево со драматизација за раѓањето на Исус Христос

Фотовест Ученици од ООУ „Никола Карев“ од Крушево, под менторство на наставничките Надица Нане и Елена Тана, во храмот „Св. Никола“ во предвечерието на Божиќ, преку пригодна претстава, на достоинствен начин прикажаа библиска приказна посветена на раѓањето на Исус Христос. Со особена чест и благодарност, на поканата одговорија и на настапот присуствуваа поранешни ученички од ова основно училиште, Ребека и Леона,...

Кога ќе мине ноќта тивка нека остане светла искра

Голем интерес за конкурсот за литературни и ликовни творби инспирирани од Божиќ во организација на храмот „Света Петка“ од Прилеп Храмот „Света Петка“ од Прилеп по третпат го реализира Божиќниот конкурс за избор на најдобри литературни и ликовни творби. На конкурсот се пријавија голем број учесници од Прилеп, а авторите на најдобрите творби беа наградени. Отецот Љупче Петрески смета дека оваа...

Користите серум, а не гледате разлика?

Ако користите серум за лице со месеци без резултати, проблемот често не е во производот, туку во начинот на нанесување. Нанесувањето на серумот на целосно сува кожа е една од најчестите грешки што го намалуваат ефектот на активните состојки. Малку влажна кожа и крем по серумот прават огромна разлика во тоа како изгледа и се чувствува кожата. Серумите станаа неопходен...