Бугарски државјанин приведен на Деве Баир, кај него пронајдени боксирач и навредлив транспарент
Бугарски државјанин е лишен од слобода на Граничниот премин Деве Баир, откако кај него биле пронајдени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина, информираше на социјалните мрежи Министерството за внатрешни работи.
Како што информира полицијата, на 12 јануари 2026 година околу 13:30 часот, при влез во државата, полициски службеници го привеле Н.И.Л. (47) од Република Бугарија. При граничната контрола и...
Не фрлајте ја божиќната пченица
Божиќната пченица во православната традиција има длабоко симболично значење и не се третира небрежно дури и откако ќе поминат божиќните денови. Иако не постои црковно правило што го одредува точниот момент или метод на нејзино отстранување од домот, кај народот постои едно јасно и строго почитувано правило - божиќната пченица никогаш не се фрла.
Најчестиот обичај е пченицата да се...
Бендот „Корка“ ја започна годината со својата прва интернационална турнеја
Бендот „Корка“ од Кочани, кој е еден од водечките млади бендови од Македонија, од 3 јануари ја започна годината со својата прва интернационална турнеја, со седум концерти низ шест држави. Публиката во Приштина, каде што свиреа во алтернативниот културен центар „Термокис“, ги слушна на 3 јануари, а веќе следниот ден беа во Подгорица, во друштвениот културен центар „Помаранџа“. Потоа...
Бендот „Корка“ ја започна годината со својата прва интернационална турнеја
Бендот „Корка“ од Кочани, кој е еден од водечките млади бендови од Македонија, од 3 јануари ја започна годината со својата прва интернационална турнеја, со седум концерти низ шест држави. Публиката во Приштина, каде што свиреа во алтернативниот културен центар „Термокис“, ги слушна на 3 јануари, а веќе следниот ден беа во Подгорица, во друштвениот културен центар „Помаранџа“. Потоа...
Концерт за публика што бара авторска, современа и жива музика
„ПАРУСИОН“ ВО МКЦ
Групата „Парусион“ на 28 јануари, со почеток во 20.15 часот, ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, најавувајќи вечер посветена на авторската музика, современиот фјужн-израз и ритамот како главен носител на музичката мисла. Концертот во МКЦ е наменет за публиката што бара авторска, современа и жива музика – каде што фјужнот не е стилска...
Видео: Нуркачкиот центар Анфора го запали василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.
Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител - денот на рибарите.
Одложено судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска
Денешното судско рочиште во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, беше одложено, бидејќи Апелацискиот суд сè уште нема донесено одлука за тоа кое обвинителство е надлежно за водење на постапката.
Како што беше соопштено на денешното рочиште, се чека одлука дали предметот ќе го преземе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...
Ревизија утврди неправилности и неусогласености во работењето на ТИРЗ
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизијата на усогласеност на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) за 2024 година. Како што информира, утврдено е дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп,...
Медведев со порака до Трамп: Побрзајте или Гренлад може да посака да се припои кон Русија
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за присоединување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не преземе брзи чекори за обезбедување на арктичкиот остров.
- Трамп треба да побрза. Според непотврдени информации, за неколку дена може да се одржи ненадеен референдум, на кој сите 55.000 жители на Гренланд...
До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници, велат од УЈП
Сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01), потсетува Управата за јавни приходи (УЈП).
-Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски,...






































