Илустрација/Фото: Пекселс

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода.

Во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг.

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(50) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 8 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал.

Утрово во 6 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода И.А.(18) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна мајка, дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неа и на неговиот малолетен брат. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.

Во СВР Скопје вчера во 20:30 часот, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15 часот, нејзиниот сопруг, со кого не живеат заедно и имаат нарушени односи, физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка.

Синоќа во 23:35 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.П.(37) од виничко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со неговата мајка физички ја нападнале неговата 22-годишна сопруга.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.