Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, лидерот на СДСМ одлучи да не присуствува

На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката...

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, откако се запали тешко моторно возило

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој до 6:00 часот утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, 4 километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ. Сообраќајот и на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска...

Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, истакна Ѓеорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски преку својот фејсбук профил информира дека е почнато површинско чистење на депонијата Вардариште. - Зборот е збор - депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување, а потоа - изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели...

Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница – силна доверба од меѓународните инвеститори, соопшти Министерството за финансии

Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница. Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. - Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи...

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика

Украинскиот парламент не успеа да именува нов министер за одбрана бидејќи немаше доволно поддржувачи за кандидатурата на Михаило Федоров - пренесе ДПА. Федоров (34) претходно раководеше со Министерството за дигитализација, кое беше основано во 2019 година. Федоров ќе беше четвртиот министер за одбрана од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Неговата кандидатура беше поднесена од претседателот Володимир Зеленски и...

ФОТО: Продефилираа маските на традиционалниот Вевчански карневал

Секојдневните случувања во земјава и светот и годинава беа инспирација за креативните вевчанци на сатиричен начин да ја отсликаат годината што измина на традиционалниот вевчански карневал. На дефилето под маски, што околу 15 часот одекна во Вевчани, покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и Глупавите Августи, на сатиричен начин вевчанци ги прикажаа мигрантската криза, состојбата во судството, политичката состојба во државата,...

Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

 Владата на денешната седница го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија како надлежна институција ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на...

Се надевам дека судот ќе ме сослуша рече Марин Ле Пен

Marine Le Pen
Само неколку часа пред почетокот на жалбената постапка пред Апелациониот суд во Франција, осудената лидерка на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, изјави дека влегува во жалбената постапка „со надеж дека ќе биде сослушана“. „Се надевам дека Апелациониот суд ќе ме сослуша. На некој начин, имам надеж“, изјави денеска шефицата на пратеничката група на партијата Национален  собир по...

Изложба на фотографии и реквизити за џоломарите од селата Ресава и Бегниште

Музеј-галерија Кавадарци во годината кога го одбележува  значајниот јубилеј 50 години постоење  своите активности ги започна со изложбата на фотографии под наслов „Џоломари“  како и на автентични реквизити и проекција на документарен филм на Тони Коцев за традиционалните обреди под маски кои се карактеристични за селата Ресава и Бегниште по повод доаѓањето на Стара нова година и верскиот празник...

Жител на Богданци под истрага за свирепо убиство на сопствената мајка

Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, осомничено дека на 11 јануари на свиреп начин ја лишил од живот својата мајка. Како што информира Обвинителството, настанот се случил во стан во Богданци, каде што двајцата живееле под закуп. Според наводите, меѓу мајката и синот избила расправија околу лекувањето на осомничениот, по што...