Четири случаи на семејно насилство за едно деноноќие, две лица приведени
Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани четири случаи на семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода.
Во еден од случаите, 47-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот партнер физички ја нападнал неа и нејзиното куче во нивниот дом во скопската општина Центар. Според пријавата, тој упатувал закани кон неа и...
ФОТО: Македонија ја зголемува воената моќ, буџетот расте, целта е НАТО-стандард, порача Мисајловски
Министерот за одбрана Владо Мисајловски порача дека Македонија останува кредибилен сојузник во рамки на НАТО, со значителни инвестиции во модернизацијата и опремувањето на Армијата, што придонесува за зајакнување на колективната одбрана.
Изјавата следува по средбата со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во НАТО, Метју Витакер, која се одржа во касарната Илинден во Скопје.
На средбата, на која присуствуваше и началникот на...
Мишел со жесток напад врз Урсула фон дер Лајен за авторитарно управување
Поранешниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел, во интервју за „Брисел тајмс“ упати остри критики кон Европска комисија и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, обвинувајќи ги за пречекорување на овластувањата.
Според Мишел, Комисијата се обидува да преземе надлежности што ѝ припаѓаат на Европскиот совет, особено во областа на одбраната, надворешното претставување и работата на Европската служба за надворешни работи...
Хрватска ги затегнува правилата: Поголема заштита за македонските работници
Македонските државјани, кои се меѓу најбројните странски работници во Хрватска, ќе бидат опфатени со нов Правилник за престој што воведува построги услови за сместување, задолжителни здравствени контроли и ограничување на трошоците за кирија.
Според податоците од хрватското Министерство за внатрешни работи, во 2026 година најмногу работни дозволи добиле државјани на Босна и Херцеговина, по што следуваат работници од Филипините, Непал,...
Падна ЧетЏПТ (ChatGPT) илјадници корисници се соочија со мистериозна порака за грешка во системот
Илјадници корисници низ цел свет пријавија проблеми со ОпенАИ (OpenAI), кој го управува популарниот четбот ЧетЏПТ (ChatGPT), пишува британски „Сан“
Според податоците од Даунтектор (Downdetector), извештаите достигнаа врв околу 15.30 часот попладнево, кога 8481 корисници пријавија проблеми со големиот јазичен модел.
Статусната порака на веб-страницата на ОпенАИ гласеше: „Моментално се соочуваме со проблеми“.
Потврдено е дека корисниците не можеле да ги вчитаат...
На полноќ поевтинуваат горивата
Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени во просек за 2,13 отсто.
Новата максимална малопроджна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 80,5 денари...
Разгорараа Си Џинпинг и Мохамед бин Салман: Кина повикува на итен прекин на огнот на Блискиот Исток
На 20 април 2026 година, претседателот а Н.Р. Кина, Си Џинпинг одговори на телефонски повик од престолонаследникот и премиер на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.
Во врска со моменталната ситуација на Блискиот Исток и заливскиот регион, претседателот Си нагласи дека Кина повикува на итен и сеопфатен прекин на огнот, ги поддржува сите напори што придонесуваат за...
Обвинението против судијата Ѓоко Ристов, Обвинителството го темели на ДНК траги на заѕиданите пари
ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов.
Според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино.
Според Обвинителството,...
Јаневска ќе има уште еден состанок за законот за високо образование со заинтересирана група
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има уште еден сосатанок со, како што рече, заинтересирана група и оти тој ќе биде последен од состаноците што досега ги имаше во врска со законот за високо образование.
- Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што...
Работнички е нов младински првак!
Младите надежи на Работнички 71&22 се нови шампиони во младинска машка конкуренција. На завршниот турнир, на кој клубот беше домаќин во салата „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, младинците со 3:0 (25:17, 25:10, 25:23) ја победија Весна Пробиштип во финалето и го кренаа трофејот.
Двата тима до битката за пехарот стигнаа откако претходно Работнички 71&22 со 3:1 во сетови ги победи...








































