ChatGPT
Фото: Пиксабеј

Илјадници корисници низ цел свет пријавија проблеми со ОпенАИ (OpenAI), кој го управува популарниот четбот ЧетЏПТ (ChatGPT), пишува британски „Сан“

Според податоците од Даунтектор (Downdetector), извештаите достигнаа врв околу 15.30 часот попладнево, кога 8481 корисници пријавија проблеми со големиот јазичен модел.

Статусната порака на веб-страницата на ОпенАИ гласеше: „Моментално се соочуваме со проблеми“.

Потврдено е дека корисниците не можеле да ги вчитаат ЧетЏПТ, АПИ платформата и Кодекс, нивниот партнер за кодирање со вештачка интелигенција.

Корисниците кои се обидуваат да го користат четботот се среќаваат со точка за вчитување на екранот и без одговор.

Ажурирањето на статусот вели дека има „делумен прекин“, со гласење: „Го истражуваме проблемот за наведените услуги.

– Засегнатите корисници моментално не можат да пристапат до ЧетЏПТ, Кодекс и АПИ платформата – пишува „Сан“.

Потврдено е дека 12 од компонентите на ЧетЏПТ биле погодени или од „намалени перформанси“ или од „делумен прекин“.

Порано денес, компанијата соопшти дека корисниците на ЧетЏПТ Бизнис можеби се соочиле со проблеми по надградбата.