Xi Jinping and Mohammed bin Salman
Фото: ЕПА/илустрација

На 20 април 2026 година, претседателот а Н.Р. Кина, Си Џинпинг одговори на телефонски повик од престолонаследникот и премиер на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.

Во врска со моменталната ситуација на Блискиот Исток и заливскиот регион, претседателот Си нагласи дека Кина повикува на итен и сеопфатен прекин на огнот, ги поддржува сите напори што придонесуваат за враќање на мирот и се залага за решавање на споровите преку политички и дипломатски средства. Во Ормутскиот теснец треба да се одржува нормален премин, бидејќи тоа им служи на заедничките интереси на земјите од регионот и на меѓународната заедница. Кина ги поддржува земјите од регионот во градењето добрососедска заедница, развој, безбедност и соработка, држејќи ја својата иднина во свои раце и промовирајќи траен мир и безбедност.