Сведок на судењето за „Пулс“ рече дека работел како главен општински инспектор, но немал законска надлежност за контрола на инспекциските служби

Сведокот Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во судницата во „Идризово“ изјави дека работел и како главен општински секретар, но дека намал законска надлежност за контрола на инспекциските служби, пренесе МИА. Сведокот појасни дека од 2023 година бил назначен за главен инспектор во Општината и било формирано посебно одделение за инспекциски служби,...

Мицкоски: Реформската агенда дава конкретни резултати, институциите се поотчетни

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека на денешната средба во Владата со амбасадорите на Европската Унија се разговарало за напредокот и следните чекори во спроведувањето на реформската агенда. Тој истакна дека реформите веќе не се само план на хартија, туку даваат конкретни и мерливи резултати. - Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати – наведе...

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Реформите во правосудството се наш врвен приоритет

Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. - Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати -истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно...

ДНК-траги клучен доказ против апелацискиот судија Ѓоко Ристов

ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Според...

Судење за трагедијата во „Пулс“: Сведок тврди дека инспекциите работеле без раководител

Со сведочење за функционирањето на инспекциските служби и нивната координација со општинската администрација, денеска продолжи судската постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето во судницата во „Идризово“ сведочеше поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов, кој изјави дека во периодот од 2017 до 2021 година, и покрај постоењето повеќе инспекциски служби, во општината немало раководител...

Силјановска Давкова рече дека со Радев ќе трагаат по решение

Претседателката Гордана Силјановска Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев  ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции. - Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за полно работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека...

РКЕ: Горивата поевтинуваат за 1,5 денар, дизелот 94 денари од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука. Од ноќеска на полноќ, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,50 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари. Според новата одлука, од 21 април во 00:01 часот, максималните...

Русија останува клучен играч на енергетските пазари, вели Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија останува клучен играч на енергетските пазари, кои поминуваат низ „тешки времиња“. - Русија останува одговорен и важен играч на глобалните енергетски пазари. Пазарите во моментот поминуваат низ тешки времиња и секако, тешко е да се игнорираат руските количини - посочи Песков. Тој, коментирајќи го продолжувањето на одлуката за ублажување на американските санкции...

Љутков: Посветено работиме на заштита и унапредување на културното наследство во Преспа

 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари работна посета на Преспанскиот Регион, при што изврши увид во реализацијата на значајни капитални проекти во областа на културното наследство.  Посетата започна во селото Љубојно, каде што е во напредна фаза проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во мултимедијален центар за промоција на македонскиот јазик, инвестиција вредна 20 милиони денари,...

Гаши му честита на Радев: Очекуваме стабилна влада во Бугарија и решение за отворените прашања

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска му честита на Румен Радев за победата на парламентарните избори и изрази надеж дека конечно во Бугарија ќе има стабилна политичка Влада и ќе се затворат отворените прашања меѓу Софија и Скопје. - Нормално е дека за нас како држава е во полза да имаме стабилна политичка Влада во Софија. За да можеме да...