Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Младите надежи на Работнички 71&22 се нови шампиони во младинска машка конкуренција. На завршниот турнир, на кој клубот беше домаќин во салата „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, младинците со 3:0 (25:17, 25:10, 25:23) ја победија Весна Пробиштип во финалето и го кренаа трофејот.

Двата тима до битката за пехарот стигнаа откако претходно Работнички 71&22 со 3:1 во сетови ги победи врсниците од Штип УГД, додека Весна Пробиштип со 3:2 го елиминираше бранителот на титулата Струмица 47&72.

Во дуелот за третото место, бронзата им припадна на струмичките одбојкари, кои со 3:0 (25:17, 25:23, 25:23) го совладаа Штип УГД.

Со ваквата разврска во првенството до 21 година, заврши и доминацијата на Струмица 47&72 во младите категории.

 

Ф4 МЛАДИНЦИ

ФИНАЛЕ

 

РАБОТНИЧКИ 71&22 – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3:0 (25:17, 25:10, 25:23)

 

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

 

ШТИП УГД – СТРУМИЦА 47&72 0:3 (17:25, 23:25, 23:25)