Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
Косовската полиција пронајде и заплени околу 140 килограми експлозив, пушка и голема количина муниција, при претрес на напуштена куќа на потегот помеѓу селата Јагњеница и Девине Воде во општина Зубин Поток.
Заменик-регионалниот командант на косовската полиција, Ветон Ељшани за Радио Контакт Плус денеска изјави дека експлозивите се пронајдени на 24 јануари и оти прелиминарните информации укажуваат дека експлозивите се произведени...
Успешно учеството на Форумот во Давос, набргу реализација на конкретни проекти и инвестиции, изјави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски учеството на Форумот во Давос го оцени како успешно најавувајќи дека набргу ќе има резултати во насока на реализација на конкретни проекти и инвестиции. Смета дека во иднина во состав на македонската делегација треба да има и претставници на бизнис-секторот бидејќи, според него, Фрумот е голема можност за воспоствување бизнис-соработка.
- Можам да кажам историски успешно бидејќи...
МВР пресече транспорт на марихуана
Полициските екипи спровеле акција со која е пресечен транспорт на марихуана, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР и Спрецијалната антитерористичка единица „Тигар“.
Од МВР најавуваат повеќе детали за акцијата во текот на денот.
ССНМ бара зголемување на минималната плата и се приклучува на протестот на работниците
- Оваа одлука беше донесена на состанок на Извршниот одбор со која истовремено ССНМ ги повикува своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјава. ССНМ смета дека приклучување на протестот на кој повикува Сојузот на синдикати и е закажан за среда од 17 часот е достоинствено демонстрирање...
Секој има право да протестира, минималната плата законски ќе се зголеми во март, истакна Мицкоски
Секој има право да протестира - рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра. Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март.
-Согласно со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што...
Очекувам да се реши проблемот на превозниците, изјави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.
Тој денеска изјави дека ова прашање е отворено уште од септември со Европската комисија и дека...
Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение
Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната ги отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници. Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока.
Според претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, подготвени се...
Возел со 3,19 промили алкохол и излетал од патот: Приведен 38-годишник од кратовско Татомир
Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишник од кратовското село Татомир.
- Синоќа во 23.07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР - Кратово го лишија од слобода С.С., на возраст од 38 години од кратовското село Татомир. Претходно, во 22.45 часот на регионалниот пат село Татомир - Кратово, во...
За избор на јавен обвинител прво ќе се произнесе Советот, па Владата, истакна Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ќе го каже својот став во однос на изборот на нов републички јавен обвинител откога за тоа ќе се произнесе Советот на јавните обвинители.
- Сега постапката е да се произнесе Јавното обвинителство, односно Советот на јавни обвинители, да почекаме тие да се произнесат, а потоа Владата ќе излезе со свој став - рече...
До петок облачно со повремен дожд
В среда кон крајот на денот и в четврток повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег - соопшти УХМР.
В петок и в недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а в сабота и в понеделник ќе биде променливо облачно.







































