По настаните во Менаполис, рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво, покажува анкетата на Ројтерс и Ипсос

По настаните во Минеаполис, рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на рекордно ниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос. Според истражувањето, стапката на одобрување на Трамп меѓу Американците изнесува 38 проценти, што е најниско ниво од јануари 2025 година, кога повторно ја презеде функцијата. Во средината на јануари неговиот рејтинг беше...

Формиравме работна група за воспоставување механизам за заштита од злоупотребата на т.н. стратешки тужби против јавното учество, истакна Митева

Работна група за воспоставување механизам за заштита од злоупотребата на т.н. стратешки тужби против јавното учество е формирана денеска на владина седница. -На денешната седница Владата донесе низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската Унија, но и кон заштита на јавниот интерес и...

Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции, порача Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повторно ја истакна својата цел Украина да стане членка на Европската Унија до 2027 година, и покрај скепсата на дел од владите на земјите членки на ЕУ во однос на толку забрзана временска рамка. - Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции, не само за нас, туку и за цела...

Во Тирана уапсен жител на Сарај баран со меѓународна потерница за три убиства

Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Северна Македонија е уапсен во Тирана од страна на државната полиција, во рамки на 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативец“. -Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Северна Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин...

Во сообраќајна несреќа во Романија загинаа навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК

Седум лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во близина на градот Темишвар во западниот дел на Романија, според романските медиуми, кога минибус во кој се пренесувале навивачи на солунскиот фудбалски клуб ПАОК, при претекнување директно се судрил со камион, јави дописничката на МИА од Атина. Според романските медиуми, во минибусот патувале десет лица, загинаа седум, а останатите тројца се...

Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од сударот на брзиот воз

Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од сударот на брзиот воз на 18 јануари во Адамуз, во кој загинаа 45 лица, а повеќе од 150 беа повредени - изјави денеска шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте. Семејствата на загинатите ќе добијат по 216.000 евра во рок од најмногу три месеци, сума што се состои од 72.000 евра...

Во Прилеп над 60 проценти наплата на даноците граѓаните

„Во 2025 година Даночното одделение од општина Прилеп имаше успешна година во однос на собирање на даноци и комунални такси за обезбедување на финaнсиски средства за  реализација на проектите од општината и за подобро функционирање на градот, при што е реализирано и реновирање на објектот, оспособен е системот за електронска наплата односно плаќање преку интернет, што е многу значајно...

Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат, предупредува АХВ

Итно се повлекува од македонскиот пазар производот Аптамил АР 2, енг 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и апелира потрошувачите кои го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото каде што го...

Поларен вител ги погоди САД: најмалку 30 загинати и над половина милион домаќинства без струја

Најмалку 30 лица го загубија животот во голема зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави, од кои седум лица загинаа во авионска несреќа во неделата вечерта. Истовремено, милиони Американци се соочуваат со последиците од арктички студови поради што утринава над 530.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Се очекува температурите дополнително да се намалат во наредните денови под влијание на...

Попишани над 35.300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија

Над 35.300 единки од 44 различни видови водни птици беа попишани за време на зимското пребројување птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво (МЕД) се реализира секој јануари од 2010 година, како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. -Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро,...