Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, тоа ќе донесе војна, истакна Сијарто

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија. Тој, коментирајќи ја изјавата на неговиот украински колега, Андреј Сибиха, за „Европската вистина“ дека „Унгарија е единствената пречка за членството на Украина во ЕУ“, потврди дека тоа е „целосно точно“. - Нема ништо ново за нас во...

Трет ден блокада на превозниците, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз

Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото  за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена. Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за...

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската...

Целта на синдикатите е политичка пресметка, вели Мицкоски за најавените протести на дел од синдикалните организации

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21, во врска со најавените протести на дел од синдикалните организации рече дека секој има право да протестира. Тој посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците. -Ги видов барањата, тоа не е нешто...

Меланија Трамп повика на мир и единствно во Минеаполис

Меланија Трамп во еден од нејзините ретки јавни настапи денеска, повика на мир и единство во Минеаполис откако агенти на ИЦЕ (ICE) убија двајца американски државјани. Нејзиниот повик е најновиот обид на администрацијата да ги смири тензиите во Минесота, каде што продолжуваат немирите околу пристапот на Белата куќа кон имиграцијата. Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го отстрани Грег Бовино, командантот...

МНР: Ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вечерва излезе со реакција на соопштението на бугарското МНР,  во која изрази жалење што, како што се наведува „оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог“. - Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за...

Добри работи се случуваат меѓу Русија и Украина, истакна Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се случуваат многу добри работи во разговорите за ставање крај на руската инвазија на Украина. Трамп ја даде оптимистичката проценка пред новинарите додека ја напушташе Белата куќа за посета на Ајова, но не даде дополнителни детали. Преговарачите од Русија и Украина се состанаа минатиот викенд во Абу Даби на разговори посредувани од американски претставници.

Трамп изјави дека имал одличен разговор со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека имал одличен разговор со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара. Вашингтон во последните недели е ангажиран во дипломатијата за постигнување траен прекин на огнот и политичко решение меѓу Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, некогаш клучен сојузник на САД, и сириските владини сили. Дамаск и СДФ постигнаа договор пред една недела за четиридневен прекин на...

Дваесет до триесет нови електронски услуги очекува Андоновски

Дваесет до триесет нови електронски услуги очекува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски до крајот на годината. Говорејќи за зголемувањето на бројот на електронски услуги, како и за дигитализацијата генерално во интервју за ТВ Алфа Андоновски вечерва истакна дека постои можност и за надминување на оваа бројка и напомена дека дел од тие услуги ќе се однесуваат на работи...

Имплементацијата на ЕТИАС во сегашна форма создава значителни економски и оперативни ризици, реагираат од Советот на амбасадори

Советот на амбасадори на Македонија изразува загриженост во врска со најавената примена на ЕТИАС (ETIAS) системот и посочува дека неговата имплементација во сегашната форма веќе резултира со блокади на граничните премини во земјите од Западниот Балкан и создава значителни економски и оперативни ризици, како за регионот, така и за земјите-членки на Европската Унија (ЕУ). Во соопштението на Советот се наведува...