Викторија под пламен, топлотниот бран предизвика катастрофални пожари во Австралија

Топлотниот бран што го погоди југоисточниот дел на Австралија предизвика шумски пожари поради што стотици луѓе се евакуирани. Температурата во главниот град на австралиската сојузна држава Викторија, Мелбурн, се искачи на 45 Целзиусови степени. Во северозападниот дел на Викторија измерени се рекордни 48,9 Целзиусови степени. Во Викторија во моментот активни се шест големи шумски пожари, од кои три се надвор од...

Подарокот (3)

ЗИМСКА ТРИЛЕР-СТОРИЈА Кристалните снегулки волшебно се пресликуваа во маслинестите очи на Марија Воронцова. Надвор ветерот злокобно пиштеше носејќи снежни бранови. Во каминот весело крцкаа цепенките ширејќи пријатна топлина. Од длабочината на шумата допираше завивање на глутница. Во потрага по храна, волците влегуваа во населбите. Беше последниот ден од старата година, точно две седмици од познанството на учителката со човекот што...

„Безбеден град“ денеска ќе се тестира во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Охрид. Конкретно, ќе се проверува системот на автопатската делница Охрид-Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, во Општина Дебрца. Предвидените активностите ќе се реализираат со почеток...

Повлекувањето на Украина од Донбас е патот кон мир, истакна Дмитриев

Dmitriev
Специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев, денеска изјави дека повлекувањето на Украина од регионот Донбас е патот кон мир. - Повлекувањето од Донбас е патот кон мир за Украина - напиша Дмитриев на мрежата „Икс“. Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас и дека тоа е важен услов за руската страна. Русија контролира...

Македонското друштво „Илинден“-Тирана: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Република Албанија. -Во пропагандна емисија...

Шифрин го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом

СКИЈАЊЕ Американката својот прв слаломски глобус го освои на 18 години, во март 2013, а претпоследниот пред две години. Лани таа беше на чело на табелата, но потоа пропушти два месеца од трките по несреќа во велеслалом Американската скијачка Микаела Шифрин ја завери титулата во слалом сезонава, а на Зимските олимписките игри (ЗОИ) ќе биде првата скијачка во шестдецениската историја...

Приватниот сектор, не може да си го дозволат бараното покачување на минималната плата, истакна Бошков

За минималната плата да не се заобиколува Економско-социјалниот совет а во дијалогот за економската состојба потребни се сите затоа што македонската економија може да функцонира многу добро, порачува претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија Миле Бошков. Бошков повторува дека за Бизнис конфедерацијата е прифатливо зголемување на минималната плата во март со усогласувањето согласно закон и посочува дека секое друго покачување...

Кажи ми, да ти кажам (3)

Низ досетливи куси драмски текстови, писателот Владо Димовски, во соработка со „Колибри“, преку рубриката „Кажи ми да ти кажам“, на децата им ја доближува македонската фразеологија, а истовремено ја поттикнува и драмската сцена во училиштата и надвор од нив. Нашата радост ќе биде голема ако поставите на сцена некоја од овие драмски минијатури и ако го споделите тоа...

„Снежната убавица“ е книга што ги слави зимата и топлината на детското срце

Три песни од новата стихозбирка на поетесата Лила Арсова Неодамна излезе од печат новата стихозбирка за деца „Снежната убавица“ на авторката Лила Арсова од Велес. Книгата беше промовирана во библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес, а за неа зборуваше проф. д-р Елизабета Бандиловска. - Песните се наменети за децата, но можат да ги допрат и возрасните. Во нив провејува белината – симбол...

Испраќајте творби на меѓународниот конкурс „Сакам да бидам дете“

Организаторите на фестивалот „Сакам да бидам дете“ од градот Крагуевац, Србија, го распишаа меѓународниот конкурс за лични поетски и прозни творби за учениците од основните и од средните училишта. Од областа на поезијата, темата за учениците од второ до петто одделение е „Моето село“, а учениците од шесто до деветто одделение треба да творат на темата „Љубовта може да нѐ...