Филмски средби и работилници со францускиот продуцент Паскал Јуделевиќ

Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за филм на Македонија имаат чест да ве известат дека започнаa тридневните професионални филмски средби и работилници со францускиот филмски продуцент Паскал Јуделевиќ, претседател на „Акажу продуксион“ од Париз, со четириесетгодишна кариера и повеќе од 30 продуцирани филма. Најпрвин, Сашко Потер Мицевски, директор на Агенцијата за филм, срдечно ги пречека Грегоар...

Истражувањата од социјалните мрежи даваат лажна слика за загрозените ајкули

Сè почестата практика на користење објави од социјалните мрежи како научен доказ за ретки и загрозени видови ајкули може да доведе до сериозни научни грешки, кои на крајот му штетат на зачувувањето на природата, предупредува Ален Солдо од Универзитетот во Сплит во научна студија. Во своето истражување на примерот на ајкулите во Средоземно Море, Солдо посочи случај на погрешна...

Светот е во период на глобален недостиг од вода

Извештај на ОН Во услови на хронично осиромашување на подземните води, прекумерна распределба на водата, деградација на земјиштето и почвата, уништување на шумите и загадување, сето тоа влошено од глобалното затоплување, светот е во минус и на пат кон глобален недостиг од водата, се вели во извештајот на ОН за водата. Со извештајот, ОН сака да испрати порака до сите оние...

За минималната плата мораме да постапуваме според законот, ќе има зголемување и нивелирање, истакна Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и ќе примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон. - Понудивме зголемување на платите на административните службеници за 40-ина проценти, ССМ го одби покачувањето! А во делот на минималната плата ние мораме да постапуваме според законот. Ќе има...

Редовните прегледи и тестирања се клучни, потребни се посебни слободни места во „Мој термин“

РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р ГОРАН ДИМИТРОВ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ МЕСЕЦ (ЈАНУАРИ) ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА Редовните прегледи и ХПВ-тестирањата се клучни во борбата против карциномот на грлото на матката, со што во голема мера може да се намали бројот на оперирани жени и девојки, кои ги има дури и на возраст...

ПССЕ изгласа Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија

Parliamentary Assembly of the Council of Europe
Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, заменик шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, беше изгласана Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Република Македонија. Текстот на Резолуцијата во име на Мониторинг комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија од политичката група на...

Активната мобилност започнува со чувството на безбедност

Спроведено истражување за учеството на велосипедистите во сообраќајот Пешачењето и возењето велосипед се едни од најздравите, најекономични и најодржливи начини на движење. Тие придонесуваат за подобар квалитет на животот, намалување на болестите, почист воздух и за похумано урбано живеење. Затоа, прашањето не е дали треба да се вози велосипед, туку како да се овозможи тоа да биде безбедно Дали ниското...

Протестите во Иран стивнаа, американската армада се приближува

Техеран меѓу медиумскиот колапс и геополитичката реалност Со денови, меѓународниот информативен простор беше преплавен со уверливи прогнози дека Иран се наоѓа на работ на неминовен колапс. Насловите во водечките западни медиуми најавуваа дека е прашање на часови или денови кога ќе се случи пад на Исламската Република Иран, додека телевизиските прилози и анализи создаваа впечаток дека државниот апарат веќе е...

Вредност на слободата

Суд што се плаши да ослободи, обвинителство што ја претвора презумцијата на невиност во статистика – тоа не е правна држава, тоа е машина за казнување. Слободата не се мери со бројки, туку со храброст да се признае вистината Слободата не е само чувство. Таа е правна состојба - гаранција дека државата нема да ти ги одземе честа, работата,...

„Златни глобуси“ по 83. пат: традиционален предвесник на Оскарите

Годинашната церемонија на „Златните глобуси“ повторно ја потврди својата улога како важен индикатор за наградната сезона. На 83. награди јасно се покажа дека жирито и публиката ги ценат креативноста, сложените приказни и квалитетните изведби, без оглед на жанрот. Победниците и номинациите покажуваат кои филмови и серии најверојатно ќе доминираат на Оскарите и другите престижни награди оваа година. Најдобри филмови и...