Тројца директори на ЈЗУ вратиле 1,5 милиони денари поради неправилно пресметани плати
Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле вкупно 1,5 милиони денари, кои ги примиле по основ на неправилна пресметка на плата, информираше генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
- Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од околу милион и пол денари – изјави Клековски.
Тој нагласи дека покрај медицинската,...
Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија, соопшти нејзиното семејство.
Алтипармакова целиот свој работен век го посвети на јавниот сервис, каде што остави значаен белег како спикерка, новинарка и уредничка. Со својата професионалност и препознатлив глас, таа беше дел од генерацијата новинари што ја градеа довербата во медиумите во Македонија.
Погребот ќе се одржи утре (22 април) во...
Транспортната заедница: Фокус на безбедноста во сообраќајот и модернизација на железницата
Државата треба да го засили фокусот на безбедноста во сообраќајот преку продолжување и надградба на проектот „Безбеден град“, како и преку координиран пристап на сите институции, препорачува Транспортната заедница во најновиот извештај презентиран во Собранието.
Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек истакна дека, и покрај напредокот, реформите и инфраструктурните проекти мора да се спроведуваат паралелно за да се постигне целосна...
Василевска со прашање до генералниот секретар на Советот на Европа за забраната за влез на Менкиноски во Бугарија
Заменик-шефицата на македонската делегација во Советот на Европа во Стразбур, Иванка Василевска, соопшти дека упатила директно прашање до генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во врска со десетгодишната забрана за влез во Бугарија за адвокатот Тони Менкиноски.
Како што информира Василевска преку објава на социјалните мрежи, поради ограниченото време за поставување прашања, интегралното прашање дополнително било доставено и...
Матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура
Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.
-Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот...
Такер Карлсон се извини за поддршката на Трамп
Поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, јавно се извини за својата улога во поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Индипендент“.
Во подкастот што го водел со својот брат, Карлсон признал дека чувствува одговорност за актуелните случувања и дека неговата поддршка имала последици.
- Јас и ти и сите што го поддржувавме... на некој начин сме причината зошто ова се...
Дождот предизвика одрони во дебарско, апел за внимателно возење
Дождот што со различен интензитет врне од вчера попладне во дебарскиот регион предизвика помали одрони на повеќе патни правци, поради што надлежните апелираат на внимателно возење.
Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта информираат дека се регистрирани чести одрони од камен и земја, особено на делници каде што теренот е познат по вакви појави.
-...
Наплатата од увоз на тутун зголемена за 11 милиони евра, спречени осум обиди за шверц
Наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава е зголемена за 11 милиони евра во однос на истиот период лани, при што во Буџетот се слеале вкупно 2,14 милијарди денари, односно 34,7 милиони евра, соопшти Царинската управа на Македонија.
Како што информираа оттаму, во истиот период, царинските служби спречиле осум обиди за шверц, при...
Закоњшек: Се бара решение за престојот на возачите во Шенген
Директорот на Транспортна заедница, Матеј Закоњшек, изјави дека се работи на решение за ограничувањата на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, нагласувајќи дека во Брисел се одржуваат редовни состаноци со цел изнаоѓање компромис.
Тој денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ги презентираше клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Транспортната заедница, истакнувајќи дека процесот на усогласување...
Договорот за новиот закон за високо образование оди во Влада, соопшти Јаневска
Министерството за образование и наука (МОН Северна Македонија) денеска ја одржало последната средба со коалицискиот партнер Вреди во врска со новиот закон за високото образование.
Министерката Весна Јаневска соопшти дека на средбата биле разгледани шест точки од предлог-законот, при што документот е веќе финализиран и ќе биде испратен во владина процедура.
Таа истакна дека пет од точките не биле спорни и...








































