Работнички Скопје и Наковски Волеј во „битка“ за круната кај дамите

Во сезоната 2025/2026 најквалитетната домашна женска лига ќе добие нов шампион, а во финалната серија за титулата ќе се натпреваруваат Работнички Скопје и Наковски Волеј. Работнички Скопје прв го потврди своето место во финалето на плејофот, откако со 3:0 (25:16, 25:19, 25:21) го победи Младост УГД пред својата публика во Скопје и во реванш натпреварот и со 2-0 го затвори...

Берсе: Подготвени сме детално да се запознаеме со случајот Менкиноски

Генералниот секретар на Советот на Европа најави дополнителни консултации и анализа во рамки на институционалните механизми Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, изрази подготвеност институцијата внимателно и детално да се запознае со случајот со адвокатот Тони Менкиноски, по поставеното прашање од пратеничката Ивана Василевска. Берсе нагласи дека за Советот на Европа остануваат приоритет заштитата на човековите права,...

Западен Балкан може да изгуби стотици милиони евра, предупреди Кос

Еврокомесарката за проширување Марта Кос ги предупреди лидерите на земјите од Западен Балкан дека регионот може да изгуби до 750 милиони евра од Европска Унија доколку не се забрзаат реформите предвидени во Планот за раст. Во обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Кос истакна дека средствата се строго условени со конкретни резултати и рокови, при што повеќе...

Мерит-систем и дигитализација, столбови на реформите во администрацијата, истакна Минчев

Mincev
Изградбата на професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација усогласена со европските стандарди е еден од клучните приоритети на Северна Македонија на патот кон членство во Европска Унија, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев. На Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлински процес, Минчев нагласи дека реформите...

Раководството на Филозофскиот факултет соопшти дека ги почитува и ги спроведува заклучоците на ДПИ

На седум студенти на магистерски студии и на четворица на докторски студии на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, чии додипломски студии биле тригодишни стручни, им се поништува уписот и статусот на студенти, односно им се прекинува студирањето. Раководството на Филозофскиот факултет на УКИМ попладнево на прес-конференција соопшти дека ги почитува и ги спроведува заклучоците на...

Трамп: САД може да постигнат „одличен договор“ со Иран, не планирам да го продолжам примирјето

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Соединетите Американски Држави да постигнат „одличен договор“ со Иран, и покрај тоа што не планира да го продолжи примирјето кое истекува во среда. За „Си-ен-би-си“, Трамп посочи дека верува оти Техеран нема многу избор во преговорите. - Мислам дека немаат избор - рече Трамп, говорејќи за можниот исход од новата рунда разговори. Тој истакна дека...

Опожарени две паркирани возила во Куманово

Во Куманово рано утринава избувнал пожар во две паркирани возила на улицата „Никола Вапцаров“, информираше полицијата. Во пожарот нема повредени лица. - Денеска во 01:11 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул. „Никола Вапцаров“ во Куманово настанал пожар во паркирани патнички возила „опел“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Е.Ф. од Куманово и „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски...

Драмски театар слави 80 години со праизведба на „Мачкина глава“

Со праизведбата на претставата „Мачкина глава“, Драмски театар Скопје вечерва ќе го одбележи големиот јубилеј – 80 години од своето постоење. Директорот на театарот Роберт Вељановски потсети дека корените на установата датираат од 21 април 1946 година, кога во тогашниот Македонски народен театар била изведена првата куклена претстава „Силјан Штркот“, во режија на Петре Прличко. Во текот на децениите, театарот минувал...

Владата ја ограничи маржата на ѓубривата до крајот на мај, мерки за стабилизација на цените

Владата донесе одлука за ограничување на профитните маржи на вештачките ѓубрива со цел да се спречи растот на цените и да се заштитат земјоделците и домашното производство, информираше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Одлуката е донесена на 166-тата владина седница и ќе се применува до 31 мај 2026 година. Со првата мерка се ограничуваат маржите во трговскиот ланец: кај неорганските ѓубрива...

Тројца директори на ЈЗУ вратиле 1,5 милиони денари поради неправилно пресметани плати

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле вкупно 1,5 милиони денари, кои ги примиле по основ на неправилна пресметка на плата, информираше генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. - Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од околу милион и пол денари – изјави Клековски. Тој нагласи дека покрај медицинската,...