- Генералниот секретар на Советот на Европа најави дополнителни консултации и анализа во рамки на институционалните механизми
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, изрази подготвеност институцијата внимателно и детално да се запознае со случајот со адвокатот Тони Менкиноски, по поставеното прашање од пратеничката Ивана Василевска.
Берсе нагласи дека за Советот на Европа остануваат приоритет заштитата на човековите права, владеењето на правото и независноста на адвокатската професија, како темелни принципи на Конвенцискиот систем.
Тој посочи дека во овој момент не располага со сите потребни информации за да даде конечна оценка, но најави дека ќе бидат иницирани дополнителни консултации со неговиот кабинет и надлежните служби, со цел да се направи темелна анализа на сите релевантни факти и околности.
Воедно, генералниот секретар истакна дека доколку се утврдат прашања од значење во однос на примената на Европската конвенција за човекови права, Советот на Европа ќе постапи согласно своите надлежности, користејќи ги расположливите механизми за дијалог, мониторинг и институционална соработка.
Берсе ја потврди и својата отвореност за понатамошна комуникација, со цел обезбедување информиран и соодветен пристап кон разгледувањето на случајот.
Тони Гламчевски

































