Интензивно се работи на клучката кај Момин Поток и на Љубљанска, вели Ѓорѓиевски

Изминатава недела се работи со засилено темпо на точки кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што објави Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил, Скопје добива нов лик. - На клучката кај „Момин Поток“ се работи со полна пареа. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката...

Потпорниот ѕид и оградата што се урнаа кај штипската болница ќе ги санира општината

Потпорниот ѕид и оградата на Клиничка болница-Штип кои минатата недела се урнаа и паднаа врз два паркирани автомобили ќе се санираат, најави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Во моментов фирма прави пресметка колку би чинела санацијата, но, Јорданов вели дека ова е и можност за проширувањето на улицата која води до главниот влез и излез на Клиничка болница-Штип. -...

Тројца уапсени за терористичко здружување, оружје и одмазда за осудени членови на ИСИС

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Скопје. Според МВР, се работи за Б.Д.(33), М.Д.(29) и С.Е. (25), сите од Скопје. Како што информира Јавното...

МВР: Запленети над 40 тони дрога

Министерството за внатрешни работи информира дека во тек е опсежна акција, во чии рамки е запленета голема количина на марихуана. Kaj правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1.300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса. - Во координација...

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7.000 евра

Во СВР Битола вчера 76-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од непознато машко лице, кое ѝ се јавило на телефон и се претставило како лекар. Лицето ѝ кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Како што информира МВР, жената заедно со сопругот однеле 7.000...

Скопјанец од фирмата каде е вработен одзел скоро три милиони денари

МВР соопшти дека е лишен од слобода скопјанец зашто од фирмата каде што е вработен одзел скоро три милиони денари. - Во Скопје вчера попладне, во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В. (35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 04.02.2026, дека во временски период од 18.12.2025 до 04.02.2026 во продажно место на подрачјето...

Костадиновски потпиша Протокол за соработка со Врховниот уставен суд на Египет

Претседателот на Уставиот суд, Дарко Костадиновски и претседателот на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет, Булос Фатимп Искандар потпишаа Протокол за соработка. По повод потпишувањето, двајцата претседатели изразија задоволство и уверување дека со овој документ се воспоставуваат нови перспективи за натамошно унапредување на соработката, размена на искуства и техники за унапредување и поефикасно работење. Како што информира Уставниот суд,...

Здравството е просторот каде политиката мора да биде најодговорна, вели Алиу

Секоја иницијатива што ги подигнува стандардите, го зајакнува континуираното образование, овозможува размена на добри практики и гради професионални мрежи, значи намалување на ризиците, подигнување на квалитетот и зголемување на довербата во здравството, порача министерот за здравство Азир Алиу, кој вчера учествуваше на основањето на Паналбанскиот колеџ на хирурзи (ПAKX) во Тирана, Албанија. Со оваа професионална организација, како што истакна, се...

Над 80 нови предупредувања за поплави и обилни дождови издадени во Велика Британија

Над 80 нови предупредувања за поплави се во сила денеска низ цела Велика Британија поради обилни дождови, јави ДПА. Агенцијата за животна средина (EАA) претходно издаде предупредување за поплави за 91 област во јужна и југозападна Англија, како и во Источен и Западен Мидлендс. До утрово, EAA издаде вкупно 261 предупредување за поплави, при што големи делови од Англија се во...

Димитриеска-Кочоска: Ова е време на силни и мудри одлуки

Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи, напиша на својот фејсбук-профил министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска по синоќешниот реизбор за член во Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведува Димитриеска-Кочоска, довербата е клуч за секој успех. - Сакам да упатам голема благодарност до претседателот Христијан Мицкоски токму за довербата повторно да бидам...