Судење за Онкологија – сослушување на вешти лица од Словенија
Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а за сослушување...
Спасувачки екипи трагаат по преживеани по уривање на стамбена зграда во Триполи
Најмалку две лица загинаа, а четворица се спасени од урнатините на повеќекатната станбена зграда што се урна денеска во северниот либански град Триполи, објавија државните медиуми.
Телата на жена и дете беа извлечени, објавија државните медиуми.
Спасувачките екипи продолжуваат да копаат низ урнатините, а не беше веднаш јасно колку луѓе имало во зградата кога се урнала.
Според медиуми, зградата се наоѓала во...
Бугарската полиција истражува смрт на шест лица, се сомнева на ритуални убиства
Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со култ.
На почетокот на февруари, полицијата пријави убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, објавија бугарските медиуми.
Во...
Шефот на кабинетот на Стармер поднесе оставка поради скандалот со Питер Манделсон
Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка. Ова се случува во услови на зголемен притисок врз Стармер поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави.
Стармер се соочува со она што многумина го сметаат за негова најголема криза откако дојде на власт пред 18 месеци поради неговата одлука да...
Во предизборниот говор, Орбан Украина ја нарече „непријател“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече Украина, нападната од Русија, „непријател“ на неговата земја, објави ДПА.
- Украинците мора да престанат постојано да бараат во Брисел Унгарија да биде исклучена од евтината руска енергија - рече Орбан во предизборниот говор во западниот унгарски град Сомбатели.
- Додека Украина не престане да го прави тоа, таа е наш непријател - додаде тој,...
Минималната плата ќе ја зголемиме според законското решение, истакна Мицкоски
За минималната плата нашиот став е јасен, да, ќе ги зголемиме минималните плати соодветно на законското решение, а ако постигнат договор меѓу себе работодавачите и работниците, ние ќе го поддржиме и ќе поздравиме. Но, тогаш ќе треба да го нивелираме и овој договор, што го имаме сега, со овие две гранки, зашто тогаш во пресметката, во методологијата, усогласувањето со...
Во Дубаи уапсено лице поврзано со атентатот на руски генерал Алексеев
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека во Дубаи е уапсен маж осомничен за вооружениот напад врз врвниот руски воен разузнавач Владимир Алексеев во Москва.
Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми.
Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.
Според извештаите на...
Либерално-демократската партија на Такаичи со убедлива победа во Јапонија
Партијата на јапонската конзервативна премиерка, Санае Такаичи, извојува убедлива победа на предвремените парламентарни избори во земјата, покажуваат денеска излезните анкети, пренесе ДПА .
Резултатот значи дека нејзината Либерално-демократска партија (ЛДП) ќе го врати мнозинството во Долниот дом на Националниот парламент со 465 места, објавија јапонските медиуми врз основа на излезните анкети.
ЛДП, која владее речиси непрекинато од 1955 година, претходно го...
Административци ќе имаат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година, истакна Мицковски
Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со репрезентативните синдикати во Владата.
-Ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11.000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со...
Ова е историски договор за административните работници, порачаа Деановски и Ралповски
Постигнавме договор со Владата, ова е историска придобивка за вработените во администрацијата, рекоа денеска претставниците на репрезентативните синдикати по средбата со премиерот Христијан Мицкоски и неговиот економски тим. За околу 11 000 административци ќе се потпишуваат поединечни колективни договори, а предвидено е да добијат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година.
Како што истакнаа на заедничката прес-конференција...






































