ССМ ќе го блокира Собранието, бара повисока минимална плата и намалување на функционерските
Сојузот на синдикати на Македонија најави дека денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата. Ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието.
Од ССМ велат дека со блокадата ќе биде испратена порака до пратениците...
Европската комисија усвои мерки за спречување на уништување на непродадена облека
Европската комисија денеска усвои мерки за спречување на уништување на непродадена облека, додатоци за облека и обувки со цел да се поттикне рециклирањето и да се намали штетата врз животната средина.
- Ова е уште еден чекор во промовирањето на циркуларна економија низ цела ЕУ - соопшти ЕК.
Забраната за уништување на непродадена облека и обувки ќе биде задолжителна за големите...
Прашањето за минималната плата е чувствително, не се носи решение под притисок, порача Дурмиши
Прашањето за минималната плата е чувствително и токму затоа не се носи решение под притисоци или пак краткорочни политички решенија, изјави вечерва министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Дурмиши во гостување на ТВ Телма посочи дека се чекаат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) и оти во март ќе има законско нивелирање на платите од 1500 до 2000...
Во Стар парк во Кочани ќе се гради меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“
Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“.
Овој простор е наменет за трајно одбележување на жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“.
Локацијата што е доделена за ова спомен-обележје зафаќа површина од 1.035 квадратни метри и се наоѓа помеѓу...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот премин Плетвар. Сите патни правци во државата се проодни - соопшти вечерва АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за...
Населението на Турција се зголеми, сега надминува 86,9 милиони
Населението на Турција се зголеми за 427.224 луѓе во 2025 година и сега надминува 86,9 милиони. Ова го покажуваат податоците за демографската слика во земјата, објавени од Турскиот институт за статистика.
Податоците се објавени врз основа на регистрација на адреси. Мажите сочинуваат 50,02 проценти, а жените - 49,98 проценти од населението. Според податоците, има 26.700 повеќе мажи отколку жени. Според...
Во судот во Милано, сослушан еден од осомничените за „Сараево сафари“
Во судот во Милано денеска е сослушан 80-годишен маж, под сомнение дека бил еден од учесниците во „Сараево сафари“ односно плаќал за со снајпер да убива цивили за време на опсадата на главниот град на БиХ, Сараево, што траеше од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 година.
Осомничениот е поранешен возач на камион, кој според неговиот адвокат, тврди дека...
МОН објави јавна расправа за предложената концепција за гимназиско образование
Министерството за образование и наука објави дека е подготвена нова концепција за гимназиско образование откако претходната верзија пред една година беше повлечена поради реакции, главно од образовни установи и професори од општествените науки.
МОН на својата веб-страница соопшти дека новиот предлог е резултат на сеопфатна анализа и вградување на забелешките, сугестиите и предлозите добиени за време на јавната расправа одржана...
Првиот случај на шуга во касарната во Велес бил пријавен минатиот четврток, информираше епидемиологот Оранска
Четворица слушатели на курсот за професионални војници во касарната во Велес се со потврдена дијагноза на шуга. Тие се во добра општа состојба и се наоѓаат на домашно лекување. Од Армијата информираат дека се преземени сите неопходни мерки и дека состојбата внимателно се следи кај сите слушатели присутни на курсот.
Потполковник Лариса Оранска, епидемиолог во Воено медицински центар (ВМЦ), информираше...
Протест пред УЈП-Тетово, граѓаните бараат сторнирање на решенијата за данок на доход
Пред Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (УЈП) во Тетово попладнево десетици граѓани одржаа протест поради издадените решенија од таа институција за плаќање данок на доход заработен во странска земја.
Главните аргументи на оваа група граѓани се дека тие биле 183 дена во странство и дека со тоа не се даночни резиденти.
-Ние не сакаме да ги плаќаме тие даноците...






































