Фото: Со закројување на лозата традиционално одбележан Свети Трифун во „Стоби“
Со традиционално закројување на виновата лоза, во винарницата „Стоби“ денеска беше одбележан големиот христијански празник Св. Трифун – заштитникот на лозарите и винарите.
Празникот, кој симболично го означува почетокот на новата лозарска година, се слави со молитва за здрав род, бериќет и успешна берба. Пригодна богослужба одржа свештено лице од Повардарската епархија.
Првото закројување како и секоја година го сторија сопственичката...
Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, велат од ССМ
Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги посочи Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Според индикаторот за бруто домашен производ по одработен час, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27...
Николоски од Неготино го честиташе Св. Трифун
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Неготино го честита големиот празник Св. Трифун и посака многу добар род и добри откупни цени.
На одбележувањето на, како што нагласи, најзначајниот празник за целиот Тиквешки Регион, Николоски посочи дека „убавите вести веќе стигнаа“ и дека „Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите...
Пораките на Рубио се јасен сигнал, светот веќе не функционира по старите правила, вели Мицкоски
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски,...
Денеска се прославува Светиот маченик Трифун
МПЦ-ОА и православните христијани во земјава денеска го слават празникот посветен на Светиот маченик Трифун, во народот познат како заштитник на градинарите и на лозарите.
Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст,...
САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство, вели Рубио
Американскиот државен секретар Марко Рубио на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство.
- Сакаме Европа да биде силна. Веруваме дека Европа мора да преживее бидејќи двете големи војни од минатиот век служат како постојан потсетник дека на крајот нашата судбина е...
Полицијата уапси 25 годишен жител од Малотино, осомничен за убиство на 78 годишна жителка на село Челопек
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо...
Во последните две децении индустријата за миленичиња расте системски и агресивно
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (7)
Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со...
Траумите од детството остануваат кога во домот има извори на детски уплав
Навики во домот што можат да остават големи траги
Многу навики во домот, според психолозите, имаат потенцијал да остават психолошки лузни врз децата, како еден вид „трауми од детството“. Но не затоа што родителите сакаат да повредат, туку затоа што несвесно повторуваат модели на однесување. Добрата вест е дека токму затоа тие може и да се променат!
Кога ќе се...
Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи, порача Трамп
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
- Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години - наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се...






































