Силна е посветеноста и на македонската и на британската влада на договорот за стратешкото партнерство, вели Димитриеска Кочоска
Силна е посветеноста и на македонската и на британската влада на договорот за стратешкото партнерство што ќе овозможи реализација на клучни инфраструктурни проекти, како и довербата меѓу деловите заедници. Цврстите економски односи се проследени со раст на вупната трговска размена, но и на инвестициите од Британија во Македонија, беше истакнато денеска на одбележувањето на третата годишнина од формирањето на...
СИТЕ НА ВОДНО НА 17 МАЈ – Следува најмасовниот „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“!
На 17 мај 2026, планината Водно ќе биде центар на енергија, спорт и заедништво со 14-тото издание на најмасовниот спортско-рекреативен настан во земјата Sparkasse Life Прв до врв.
Ова е повик до сите: рекреативци, професионалци, семејства, компании, пријатели... да станат дел од овој настан што не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на планината,...
Алиу најави измени на Законот за здравствена заштита, ќе се овозможи продолжување на работниот ангажман на здравствените работници
Министерот за здравство Азир Алиу најави измени во Законот за здравствена заштита со кои ќе се овозможи продолжување на работниот ангажман на здравствените работници со долгогодишно искуство, со цел, како што рече, да се вреднува нивното знаење и придонес во системот.
Говорејќи на одбележувањето 80 години од постоењето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Алиу истакна дека со...
Јаневска вели дека ситуацијата со Филозофскиот факултет е многу комплицирана
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет и дека таа не е надлежна да каже дали некој од кадарот ќе сноси одговорност.
- За тоа постојат други институции во земјата. Се надевам дека таа процедура ќе си тече така како што треба. Би сакала да верувам дека ова е изолиран...
ДКСК отвора постапки: Сомнежи за злоупотреби во ученички дом и нерегуларности кај функционери
Државната комисија за спречување на корупција денеска на седница одлучи да поведе постапка пред надлежен орган за сомневање за злоупотреба на службена положба за директор и вд директор на Ученички дом. Според информациите добиени од надлежните органи, меѓу кои и Министерството за образование и наука, двете лица не ги исполнувале условите за вработување во Ученичкиот дом бидејќи не биле...
Три товарни брода нападнати во Ормускиот Теснец по продолжувањето на примирјето со Иран
Три товарни брода биле нападнати во Ормускиот Теснец, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на британската служба за поморска безбедност.
Според службата за поморска безбедност, првиот брод бил нападнат од чамец на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Иранскиот портал „Нур њуз“, поврзан со Врховниот совет за национална безбедност, тврди дека гардата отворила оган откако бродот ги игнорирал предупредувањата.
„Би-би-си“ наведува дека втор брод бил...
Со 67 гласа „за“ Собранието ја утврди потребата за измени на Законот за Владата по скратена постапка
Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура.
Со ова законско решение се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен...
ФОТО: Засилен интензитет на вежбата „БЛЕСОК 26“ на Криволак
На армискиот полигон „Криволак“ продолжуваат тактичките активности во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) работат со зголемен интензитет и реализираат сложени сценарија на терен.
Како што информираат од Армијата, вежбовните активности опфаќаат симулации на различни тактички ситуации кои бараат брза адаптација, координирана реакција и навремено донесување одлуки.
Во рамки на вежбата се реализираат...
ЕК со предлог мерки против зголемувањето на цените на фосилните горива и забрзано воведување на обновлива енергија
Европската комисија денеска предложи мерки против зголемувањето на цените на фосилните горива и за забрзано воведување на обновлива енергија. Координацијата на активностите е од клучно значење, се наведува во соопштението на ЕК по овој повод. Мерките ќе бидат дискутирани на проширениот состанок на Европскиот совет во Кипар во следните два дена.
Комисијата е подготвена да биде координатор во дискусијата за...
Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри досега најразновидни органски молекули на Марс
Научниците од НАСА соопштија дека роверот „Кјуриосити“ открил најразновиден сет на органски молекули досега забележани на Марс, вклучувајќи и соединенија што претходно не биле идентификувани на таа планета.
Откритието е направено во примерок од карпа земен во 2020 година од областа Шарп, планина висока околу 5,5 километри во кратерот Гејл. Во примерокот, наречен „Мери Анинг 3“, се идентификувани 21 органска...








































