Да не се кратат студиските програми со мал број студенти, побара Јованова-Грујовска

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ доставил свои забелешки за предлог-законот за високото образование, кои биле усогласени на состанокот на научниот кадар. Директорката Елена Јованова-Грујовска изјави дека Институтот побарал да не се вршат интервенции во студиските програми, откако беше спомнато можноста за нивно намалување доколку на нив се запишани само двајца до пет студенти. - Во ера на глобализација многу...

Уставот е над партиите, правобранителите не се надлежни за министрите, истакна Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова истакна дека Народниот правобранител има задача да ги заштитува правата на граѓаните кога тие се нарушени од страна на државната или јавната администрација, но дека неговата надлежност не се протега врз работата на министрите. Таа нагласи дека мора да се научиме дека постојат два вида толкување на Уставот и законите – судско и научно – и дека...

Јазикот е непроценливо богатство и дел од нашиот идентитет, истакна Силјановска Давкова

Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, истакна дека мајчиниот јазик е темелна клетка на идентитетот и културата, без кој човекот не може да биде целосно човек. Таа нагласи дека овој ден е посветен на љубовта, грижата и почитта кон сите мајчини јазици, бидејќи токму на мајчин...

Никој не е над законот, истакнаа Стармер и кралот Чарлс по приведувањето на Ендру

Prince Andrew
По веста дека денеска е приведен поранешниот британски принц Ендру, се огласија премиерот Кир Стармер и неговиот брат, кралот Черлс III, истакнувајќи дека законите важат за сите подеднакво. Стармер во интервју за „Би-би-си“ изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и во САД поради поврзаноста со покојниот, осуден сексуален престапник Џефри Епстин. - Секој што...

Реформите во Македонија и обврските на ЕУ мора да одат заедно, истакна Вајс

Европратеникот Томас Вајц, известувач за  Македонија во Европскиот парламент, во својот годишен нацрт-извештај нагласува дека за напредокот на земјата кон ЕУ е од суштинско значење за сите политички чинители, а особено Владата, да обезбедат конкретни резултати во клучните области. Во исто време, Европската Унија и нејзините земји членки треба да ги исполнат преземените обврски, да ја поддржат Македонија и...

Привремената бугарска Влада на Андреј Ѓуров стапи на должност по заклетвата во парламентот

Bulgarian government
Привремената влада предводена од премиерот Андреј Ѓуров официјално ја презеде функцијата. По положувањето заклетва во Народното собрание, во Советот на министрите беше одржана церемонија на примопредавање на власта. На свеченоста, поранешниот премиер Росен Жељазков истакна: „Историјата веројатно не ги памети оние што имале гласни титули и функции, но секогаш ги памети оние што донесувале одлуки кога требало да се донесат“,...

Приведен поранешниот британски принц Ендру поради непристојно однесување на јавна функција

British Prince Andrew
Поранешниот британски принц Ендру е приведен под сомнение за недолично однесување на јавна функција. Полицијата соопшти дека привела 60-годишен маж од Норфолк под сомнение за недолично однесување на јавна функција и оти се вршат претреси на адреси во Беркшир и Норфолк. Во соопштението се наведува дека нема да го откријат името на приведениот бидејќи истрагата е во тек. Претходно, на принцот Ендру,...

Скопје за дијалог со Софија, но без мешање во изборната реторика, истакна Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на Македонско-словачкиот бизнис-форум, истакна дека Македонија има интерес за постојан дијалог и активен ангажман со Софија. Како пример за успешна соработка тој го посочи Коридорот 8, кој, според него, е доказ дека двете земји можат да работат заедно кога постои волја, пренесе МИА. - Сакаме да имаме активна комуникација и активен...

Муцунски: Блиску сме до договор со САД, тарифите до 15 отсто

Многу сме блиску до склучување договор. Заедничката изјава е потврда за тоа. И со тие неколку држави со кои САД веќе склучија договор, така одеше процесот - прво имаше заедничка изјава, па потоа доаѓаше до склучување договор кој и од меѓународно-правна гледна точка значи дополнителни внатрешни процедури. Засега можам да кажам дека највисоката тарифа ќе ни биде 15 отсто...

Прво издание на „Кино-средби“ во Кинотеката

Францускиот институт во Скопје го организира првото издание на месечните „Кино-средби“ во Кинотеката на Македонија, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови, како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино-средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024) од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, вечерва во 20 часот во Кинотеката....