Отчет на Ѓорѓиевски: Влеговме директно во срцето на проблемот на градот, во секоја девастирана пора што ни ја оставија

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“, пренесува МИА. - Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа - Скопје да се извлече...

Силјановска-Давкова се сретна со иницијативата „Стоп за Усје“: Барања за 24-часовни мерења и поголема транспарентност

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова на својот фејсбук-профил информираше дека денеска примила претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, со кои разговарала за влијанието на цементарницата „Усје“ врз квалитетот на воздухот и здравјето на граѓаните. Како што наведува таа, претставниците на иницијативата ги изложиле своите барања, меѓу кои воспоставување мерни станици со 24-часовно мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на податоците и...

Нема кратење во Програмата за директни плаќања, рече Трипуновски

Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и за време на претходната власт, Програмата што се носела изнесувала околу 100 милиони евра. Никогаш при нејзиното донесување не изнесувала 140 милиони евра, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24. Тој појасни дека Програмата за 2018 година изнесувала...

Советот на Општина Центар не ја донесе одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1

Советот на Општина Центар на денешната седница гласаше за недонесување на одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“ информира Општина Центар во соопштение што МИА го пренесува интегрално, пренесе МИА. За недонесување на предлог-одлуката гласаа сите 23 советници. - Ние,...

Трамп истакна дека ќе донесе одлука за потенцијален напад врз Иран за „веројатно 10 дена“

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека ќе донесе одлука за потенцијален напад врз Иран во следните 10 дена, објави „Тајмс оф Израел“ Потсетувајќи се на американските напади врз нуклеарните постројки на Иран во јуни, за време на неговите забелешки на инаугуративниот состанок на Одборот за мир, Трамп рече дека можеби сега ќе склучат договор. - Сега, можеби ќе мора да одиме...

Не верувам во меѓународен поредок што е сведен на однос меѓу господар и вазал, рече денеска Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска за време на посетата на Индија изјави дека не верува во „меѓународен поредок што е сведен на однос меѓу господар и вазал“, осврнувајќи се на политиката што ја води неговиот американски колега Доналд Трамп, пренесе МИА. - Не верувам во меѓународен поредок што е сведен на однос меѓу господар и вазал - изјави Макрон пред...

Шведска ќе обезбеди помош за Украина во вредност од околу 1,2 милијарди евра

Шведска вети дека ќе обезбеди 12,9 милијарди круни (околу 1,2 милијарди евра) воена помош за Украина, што ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана, дронови, ракети со долг дострел и муниција. Најголемиот дел од помошта е за купување новопроизведена опрема за противвоздушна одбрана со краток дострел во вредност од 406 милиони евра, се наведува во соопштението на шведската владата. Шведска годинава планира...

Цените на становите најмногу пораснале во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година најголем пораст на цените на продадените станови, споредено со истиот период од претходната година, е забележан во Куманово – 24 проценти. Во Тетово зголемувањето изнесува 22 проценти, а во скопските општини Карпош, Кисела Вода и Гази Баба цените се повисоки за по 16 проценти. Во Центар растот е 14 проценти. Единствено Гостивар бележи...

Ненадоместлива и долготрајна штета на животната средина и изворите на пивка вода

Вонредна седница на Советот на општина Струга за колосалниот проблем за снабдување со пивка вода во Струга и струшко Струга и стружани и понатаму се соочуваат со колосалниот еколошки инцидент поврзан со загадување на пивката вода. Според локалните власти, голем удел на одговорност за инцидентот има за две локални компании што вршеле ископи во близина на изворите во селото Шум,...

Во Драмски театар се одржа комеморација за актерката Ленче Делова

Во присуство на семејството, голем број колеги, пријатели и почитувачи, денеска во Драмскиот театар се одржа комеморацијата за актерката Ленче Делова. Во театрографијата на нејзината матична куќа останува забележено дека Ленче Делова, родена на 15 јуни 1948 година, стана професионална актерка на едвај 16 години. На сцената на театарот прв пат чекори во „Богомилска балада“, првата премиера изведена во оваа,...