Постои шанса за вистински мир за Украина по разговорите во Берлин, истакна Мерц

Merc Zelenski
Германскиот канцелар Фридрих Мерц гледа напредок во дипломатските напори за изнаоѓање начини за ставање крај на војната во Украина. - Сега имаме шанса за вистински мировен процес за Украина. Напредокот е сè уште мал, но шансата е реална - рече Мерц вечерва на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Канцеларството во Берлин. Тој изјави дека сега има „голем дипломатски...

Трамп бара телефонски разговор со европските лидери

Trump
Американскиот претседател Доналд Трамп сака телефонски да разговара со европските шефови на држави и влади за тековните напори за ставање крај на војната во Украина - изјави денеска висок американски функционер. Сè уште е нејасно кога точно ќе се одржи телефонскиот разговор - јавува ДПА. Американскиот функционер го спомена телефонскиот повик додека зборуваше за денешната вечера одржана во Берлин меѓу...

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови - изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора да имаме јасни гаранции од Европскиот совет, во форма на заклучоци, дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се неприкосновени и дека кога Македонија ќе стане дел од...

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, рече Мицкоски

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да има политичка димензија - изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. -Ние ја водиме Владата и дадовме шанса година и половина, како ниедна влада досега, на наследен јавен обвинител да се размавне со неговиот тим. Ги видовме резултатите и не сме задоволни. Логично е да влеземе во...

Темата за мигрантите е измислена од СДСМ за да ги скријат внатрешните проблеми, изјави Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека не се точни пишувањата на британските медиуми во врска со носење мигранти во земјава. - Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на „ТВ Сител“ за пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во државата. Премиерот Мицкоски истакна дека не само...

Скопје ја започна празничната програма „Новогодишна зимска бајка“

Во присуство на многу деца со нивните родители, граѓани на Скопје и гости од целата држава вечерва на плоштад „Македонија“ свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. На настанот, пред палењето на светилките на елката кое копче симболично го притисна градоначлникот...

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила

Од 18 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е затворен за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на...

Бабиш бара ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во шенген зоната

Бабиш бара ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во шенген зоната
Новиот премиер на Чешка, Андреј Бабиш денеска, по првиот состанок со ново именуваната Влада, нагласи дека тој е за Европска Унија, но оти ЕУ не решава некои проблеми, меѓу кои и проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан. - Не разбирам зошто ЕУ одамна не го реши проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан, за да...

Со божиќен базар во Прилеп започна предновогодишната прослава

Со божиќен базар кој денес се одржа на градскиот плоштад Методија Андонов Ченто, во Прилеп започна предновогодишната празнична магија. Со штандови на кој се продаваат различни производи, со пригодна културно уметничка програма подготвена од учениците основните училишта во градот кои го изучуваат германскиот јазик, беше реализиран базарот, кој имаше хуманитарен карактер. Организатор на базарот беше Здружението на наставници по германски...

Изложба „Круг и град“ во Прилеп

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска беше отворена изложбата „Круг и град“ од уметниците Петра Јованоска и Рафаел Ристовски. Претставени се графики и фотографии. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Во заедничката изложба, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски создаваат уметнички дијалог, каде двата различни пристапи — тој на Јовановска преку симболиката на...