„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума со светска премиера во Њујорк

Македонскиот долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, поддржан од Агенцијата за филм, ќе ја има својата светска премиера на престижниот фестивал „Трибека“ во Њујорк, како дел од „Интернешнал наратив компетишн“, една од главните и најреномирани натпреварувачки селекции на фестивалот. Влезот во оваа селекција значи дека филмот е меѓу внимателно одбраните авторски остварувања од...

Книга за потеклото на женскиот молк и јачината на женскиот крик

Промовирано научно истражување на Рената Пенчова Книгата „Женскиот идентитет и женскоста низ поетската призма“ од Рената Пенчова беше промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност. Изданието е поддржано од Министерството за култура и туризам. ‒ Потребата да се открие потеклото на женскиот молк и јачината на женскиот крик е мисла водилка во исчитувањето на ова научно истражување од Рената Пенчова....

Ефектот на вештачката интелигенција врз когнитивните способности и учењето

Ново истражување сугерира дека потпирањето на вештачката интелигенција за основни задачи може да има негативен ефект врз учењето и когнитивните способности, дури и по многу кратко време на употреба - околу десет минути. Во експеримент со околу 1.200 учесници, испитаниците решавале задачи по математика (дропки) и читале, при што едната група имала пристап до алатки за вештачка интелигенција, а...

Книга и дискусија за миграциите од Егејска Македонија во Турција

Македонскиот културен центар во Истанбул беше домаќин на промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија. Настанот се фокусираше на историскиот процес на размена на население по Лозанскиот договор од 1923 година, кој доведе до масовни преселби и длабоки промени во животите на...

Изминативе години класиците се враќаат во нови модерни корици

Наташа Атанасова, Македонска асоцијација на издавачи Со учество на повеќе од 65 издавачи почна Саемот на книгата во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, и ќе трае до 29 април, нудејќи богата програма со промоции, средби со автори, работилници и попусти на книги. За наградите, јубилејот, македонската книжевност и издаваштво... разговараме со Наташа Атанасова од Македонската асоцијација на издавачи. По што се...

ТРИ ИГРИ, ТРИ ШАНСИ ЗА ДОБИВКА – САМО СО „ЗЛАТНА ТРЕСКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА!

Во продажба е третата серија на инстант лозот „Златна треска“, кој носи возбудливи можности за добивки. Лозот е особено атрактивен бидејќи содржи три различни игри, со кои секој играч има повеќе шанси за добивка. Првата игра – „Златна десетка“ – носи добивка кога збирот на двата едноцифрени броја е десет, а добивката е наведена во полето „Добивка“. Втората игра додава...

Фузија, енергија и моќ се вистинската агенда зад месечинските мисии

Повторно започна трката за освојување на Месечината Зад научните мисии се крие гола геополитика, олицетворена преку амбициите да се земе што поголем дел од контролата на реткиот изотоп хелиум-3, кој и не постои на нашата планета, а кој претставува идеално гориво за нуклеарна фузија во процес што би можел да произведува огромни количества енергија без класичниот радиоактивен отпад. А...

Го враќаме агросекторот на вистинскиот пат со конкретни и навремени чекори

Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Во разговорот со директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше дискутирано за клучни прашања за иднината на агросекторот: навремената исплата како предуслов за планирање на производството, нормализирањето на процесите со ИПАРД-програмата, новиот модел за набавка на механизација и директната теренска...

Лидерските самити ја изнесоа на виделина нефункционалноста на ЕУ

Зошто Европската Унија не е дизајнирана да одлучува во кризен режим и зошто ѝ е неопходно длабоко реформирање ЕУ во последните години во повеќе наврати не успеваше да испорача унифицирани реакции за предизвици со поголемо геополитичко значење, од ковид-пандемијата до заеднички координирани реакции во врска со војната во Иран. Еве еден од последните такви примери: на самитот на лидерите...

Притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство, донесе решение со кое на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката притвор, како што информираат од Основниот кривичен суд е определена поради основано сомневање дека лицето сторило кривично дело проневера во служба. Воедно, судот оценува дека...