Многу е лесно да донесете сет мерки, но треба да внимавате да не ја подгреете инфлацијата, вели Димитриеска Кочоска

Многу е лесно да донесете сет мерки, но треба да внимавате да не ја подгреете инфлацијата. Мерките треба да бидат внимателно анализирани. Не случајно тргнавме со намалување на ДДВ-то. Како ќе налагаат потребите, така ќе реагираме - изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на првиот панел одржан во рамките на меѓународната конференција, што во Скопје ја организира Народната...

Русија предупредува на опасна ескалација ако конфликтот со Иран се прошири кон Каспиското Море

Русија изрази сериозна загриженост дека конфликтот поврзан со Иран може да се прошири кон Каспиското Море, оценувајќи дека таков развој би имал „исклучително негативни“ последици, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс. Песков истакнал дека Москва внимателно ја следи ситуацијата, особено по извештаите за напади врз иранските поморски капацитети во регионот на Каспиското Море. Според него, Русија е особено чувствителна...

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, вели Мицкоски

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, иако и луѓе од соседството точат бензин на нашите пумпи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Подмирени се и потребите за струја, но, сепак е можно повлекување мазут од државните резерви. Како што напомена Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд, за околу 10 отсто...

Средба Силјановска Давкова – Миланковиќ: Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае

Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина, нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Загреб. И двајцата се согласни дека тој пат е неоправдано попречуван и оти од земјава се бараат отстапки кои ниту се оправдани, ниту се дел од Копенхашките критериуми. -Зборувавме за обидот на...

Костадиновски: Време е за уставна жалба и темелна реформа на Уставниот суд

Во Уставниот суд денеска се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба?“, на која се обрати претседателот на Судот Дарко Костадиновски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и претставници на меѓународната заедница. Костадиновски нагласи дека воведувањето на уставна жалба е неопходен чекор за зајакнување на заштитата на човековите права, овозможувајќи им на граѓаните директно да се обратат до Судот...

Договорено е намалување на цената на горивото со ОКТА, истакна Мицкоски

Договорено е намалување на цената на горивото со ОКТА, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што информира, од денеска ќе има три денари попуст на сите бензински пумпи кои се коминтентни на ОКТА. -Да, во текот на вчерашниот ден министерката за енергетика имаше разговор со генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште едне денар. Така што, од денеска ќе имаме...

Цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен, вели Божиновска

„Окта“ дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари за литар, односно воведе дополнителен попуст од 1 денар, со продолжување на мерката до 6 април. Ова е конкретен резултат на партнерскиот пристап и континуираната координација, со цел директни придобивки за граѓаните и стопанството - вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа додава...

Владата не размислува за отворање на Уставот, вели Мицкоски

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ и, како што напомена,...

Расправата за случајот „Онкологија 2“ прекината, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Sudenje Onkologija Nino Vasev
Расправата на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Кривичниот суд, беше прекината откако адвокатката Анита Бегова, бранителка на обвинетиот Нехад Нухи, ја напушти судницата, незадоволна од начинот на презентирање на материјалните докази на Обвинителството, по што судот и изрече парична казна од 500 евра, пренесува МИА. На денешното рочиште Обвинителството започна со изведување на материјални докази – околу 180...

ЕКСКЛУЗИВНО: Се отвора прозорец за разговори меѓу Вашингтон и Техеран до крајот на неделата

Раздвижени дипломати и отворање на комуникациски канали меѓу САД и Иран Во услови на зголемени регионални тензии и неизвесност околу идниот тек на воениот судир, неофицијални американски извори блиски до дипломатски кругови во Скопје, брифираат дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за започнати разговори не се без основа. Иако во јавните настапи претседателот сугерираше дека постои напредок кон...