Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го промовираше „Планот за професионален интегритет 2026–2028“, документ со кој треба да се зајакнат транспарентноста, одговорноста и етичките стандарди во работењето на полицијата.
Промоцијата се одржа во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија, а настанот беше посветен на претставување на клучните приоритети и мерки предвидени...
Во тек е реализација на 17 странски инвестиции, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека во тек е реализација на 17 странски инвестиции, што треба да отворат до пет илјади нови работни места.
- Веќе неколку пати најавив дека во тек се, во завршна фаза, во почетна или во некоја фаза на реализација, околу седумнаесет инвестиции што треба да креираат до пет илјади нови работни...
Божиновска на средба со ММФ: Фокус на енергетска сигурност, европска интеграција и заштита на граѓаните
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили.
На средбата се разговарало за актуелните економски состојби, како и за идните планови на Министерството во делот на интеграцијата со европскиот енергетски пазар. Божиновска ги информирала претставниците на ММФ за активностите...
Во мај или јуни ќе се отвори дискусија за можни кадровски промени во Владата, вели премиерот
Во мај или јуни ќе се отвори дискусија за можни кадровски промени во Владата - најави премиерот Христијан Мицкоски на денешната презентација на страјкер‑возилата во касарната во Петровец.
Одговарајќи на новинарско прашање дали со коалициските партнери веќе се разговара за реконструкција на Владата, Мицкоски потврди дека разговори има.
- Сме разговарале, бидејќи и коалициските партнери, но и ВМРО‑ДПМНЕ, имаат внатрешни прегрупирања...
Мицкоски: Новите „Страјкер“ возила ја зголемуваат мобилноста и оперативноста на Армијата
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на оклопни возила од типот „Страјкер“ (STRYKER) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, оценувајќи дека станува збор за значајна инвестиција во модернизацијата на Армијата.
Како што информираше, набавката на возилата се реализира во рамки на соработката со Соединетите Американски Држави, преку два договори на принципот Влада-со-Влада, кои ги опфаќаат и лесните оклопни возила...
Годинава сме поподготвени од порано во однос на справувањето со пожарите, вели Ангелов
Годинава сме поподготвени од порано во однос на справувањето со пожарите. На располагање имаме пет пилоти за ер-тракторите, а најдоцна во текот на мај се очекува да бидат вратени од сервис двата ер-трактора, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
- Во овој момент, Дирекцијата располага со пет пилоти за ер-трактори, кои се подготвени за дејствување во...
Земјотрес почувствуван во Скопје
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала денеска напладне беше почувствуван во Скопје и околината.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот се случил во 12 часот и 05 минути, со епицентар на скопското подрачје.
Земјотресот бил почувствуван со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека станува збор за...
Безбедносната состојба во земјата е стабилна, истакна Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека безбедносната состојба во земјата е стабилна, откако беше прашан за влијанието на случувањата на Блискиот Исток.
- Безбедносната состојба е стабилна, без одредени осцилации, апсолутно ја имаме под контрола. Предизвици има и ќе има, тоа е жива и динамична материја, но ние сме тука да ја следиме и да реагираме доколку има потреба - рече...
Општина Кочани барала да не се издаде лиценца за „Пулс“, немало пренамена на објектот
Општина Кочани навремено го поништила известувањето за користење на паркинг-простор и побарала од Државниот пазарен инспекторат да не издава лиценца за работа на дискотеката Пулс, бидејќи објектот се наоѓал во индустриска зона. Ова на денешното рочиште во судницата во Идризово го истакна сведокот Драги Илиевски, пренесе МИА.
Одговарајќи на прашања од Јавното обвинителство, Илиевски појасни дека објектот се наоѓал во...
Унгарија го запира гасот кон Украина, до обнова на „Дружба“, истакна Орбан
Унгарија ќе го прекине снабдувањето со гас кон Украина сè додека не се обнови работата на нафтоводот Дружба, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан преку видео објава на Фејсбук.
- Постепено ги запираме испораките на гас од Унгарија кон Украина и ќе го складираме гасот што останува кај нас во Унгарија - изјави Орбан.
Прекинот на испораките преку нафтоводот „Дружба“, кој се...






































