Трамп добива кратки видеа од напади врз Иран – сојузници стравуваат дека нема целосна слика, пишува „Ен-би-си њуз“

Американскиот претседател Доналд Трамп секојдневно добива кратки видеа со најуспешните напади врз ирански цели, но ваквиот начин на информирање предизвикува загриженост кај дел од неговите сојузници, објави „Ен-би-си њуз“. Според извештајот, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски функционери, видеата што му се презентираат на Трамп траат околу две минути и главно ги прикажуваат најуспешните воени операции во последните 48...

Сопругата на претседателот Мицкоски на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самит „Самит на глобалната коалиција - Заедно ја градиме иднината“ (Fostering the Future Together Global Coalition Samit) во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании. Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за...

Основана Швајцарската комора во Македонија – нов мост за инвестиции и деловна соработка

Во Скопје денеска свечено беше промовирана Швајцарската комора на Македонија – СвисЧам МК, нова платформа насочена кон унапредување на економската соработка, инвестициите и деловното вмрежување меѓу Македонија и Швајцарија. Комората е резултат на повеќегодишна иницијатива на водечки компании, со поддршка од Амбасада на Швајцарија во Македонија, со цел создавање стабилна деловна заедница базирана на доверба, квалитет и транспарентност. Швајцарскиот амбасадор Кристоф...

Судење за ИПАРД, Стоилев и уште неколкумина обвинети за поткуп и злоупотреби

Ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, кој заедно со уште неколку физички лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и уште едно правно лице, се сомничат за повеќе кривични дела поврзани со финансиски малверзации и примање поткуп во врска со користење средства преку европската ИПАРД-програма,...

Кумановец возел со 3,67 промили алкохол – приведен од полицијата

Полицијата приведе 49-годишен жител на кумановското село Режановце, откако бил затекнат како управува возило под силно дејство на алкохол. Настанот се случил на 24 март 2026 година во 12:02 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, каде полициски службеници од СВР Куманово сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ц. (49). По извршената контрола било утврдено дека возачот...

Наскоро постапка за избор на проектант и изведувач за гасоводот кон Србија

Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста пренос на природен гас, Номагас, се подготвува за отворање на тендерската постапка за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект претставува втората клучна точка во стратегијата за диверзификација на изворите на енергија и намалување на зависноста од еден снабдувач. Овој важен чекор за...

Македонското трио „30 прсти“ со концерт во Истанбул

Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот на македонското пијано трио „30 прсти“, кој ќе се одржи на 26 март 2026 година, со почеток во 19 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул. Триото „30 прсти“, составено од пијанистите Марија Вршкова, Весна Ангелова Христов и Петар Макариевски, е прв и единствен состав од ваков тип во Македонија. Триото е основано во...

Шеснаесет судови биле ажурни, a 18 неажурни во 2025

Шеснаесет судови биле ажурни во 2025 година, од нив 14 основни и два апелациски во Штип и во Гостивар. Неажурни во работењето биле 18 судови: Врховниот суд, Вишот управен суд, Управниот суд, апелациските судови во Скопје и Битола и 13 основни судови, што значи дека поголем дел од судовите во земјава лани примиле повеќе предмети, отколку што решиле и...

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, вели Силјановска Давкова

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна претседателката Гордана Силјановска - Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет...

Кумановец осомничен за семејно насилство, тешко ја повредил сопругата

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. Како што информира ОЈО, на 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра. -Тој е осомничен за...