Шешељ осуден, одбива да оди во Хаг
Апелацијата на Кривичниот трибунал во Хаг го осуди Шешељ на 10 години затвор. Тој е осуден по три точки од обвинението, а другите точки, меѓу кои е и здружениот злосторнички потфат, се отфрлени. Тој, сеедно, најави дека нема да оди во Хаг на изрекување на второстепената одлука и додаде дека жив не се враќа таму
Апелацискиот совет на Меѓународниот резидуален...
Од Македонија се иселени 25 отсто од популацијата
Земјите од Западен Балкан мора да достигнат пораст од пет отсто за да можат за 20 години граѓаните од ова поднебје да го имаат просекот на Западна Европа, се вели во редовниот економски извештај на Светската банка
Светска банка гледа позитивен тренд во регионот на Западен Балкан и има позитивни прогнози за економскиот пораст во Македонија во блиска иднина. Но...
Што содржи писмото на Нимиц
Според министерот Димитров, процесот е во една деликатна фаза. „Фокусирани сме токму на овие разговори и се надевам дека духот на нашиот бисер Охрид, каде што се одржува токму оваа рунда, ќе ни помогне“, рече тој
Дописот во форма на писмо на посредникот на ОН Метју Нимиц до Грција и до Македонија во кое тој ја опишува актуелната ситуација во...
Пукање со ќор фишек или со вистинска муниција
Од досегашната 27-годишна традиција на повеќепартиски плурализам во Република Македонија, не е забележано дека некоја влада (или министер) биле сменети со интерпелација. Во таа насока интерпелациите иако треба да бидат силен демократски инструмент за надзор, контрола и подобрување на функционирањето на власта во интерес на граѓаните, досега се покажа дека тие повеќе се средство за политичко- партиско надмудрувањево Парламентот,...
Адвокатите на Груевски бараат изземање на судиите во „Титаник“
Адвокатите на Никола Груевски и другите обвинети во случајот „Титаник“ побараа изземање на судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев од овој предмет, бидејќи, како што кажаа, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на ТВ 24 на 23 март кажала дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во „бомбите“.
Одбраната на Груевски побара да се провери дали судиите Ставрев...
Иванов: Македонија и Турција да ја зголемат трговската размена и инвестициите
Македонија и Турција можат многу повеќе да направат и во инвестициите и во трговската размена, истакна претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање пред турските стопанственици во Истанбул.
- Во 2012 година со турскиот државен врв направивме преглед на нашите билатерални односи и заклучивме дека политичките односи се на одлично ниво, но сепак она што недостасуваше беше економската соработка. Затоа, си...
Шест години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро
На денешен ден пред шест години кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
Масакрот се случи на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден.
За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки...
Војна во најава
Пораката од Трамп да очекуваат „нови, убави и паметни“ ракети и западните воени бродови што итаат кон Сирија го вклучија алармот во Москва, која го подигна степенот на подготвеност на своите сили и предупреди дека ќе ја гаѓа секоја ракета истрелана кон Сирија, како и локацијата од каде што е лансирана. Тензијата расте во очекување на нова нинтендо-војна
Русија и...
Целовечерен концерт на Дуке Бојаџиев во Македонската филхармонија
Македонски композитори Дуке Бојаџиев, кој живее и работи во Њујорк, повторно ќе настапи пред македонската публика со два последователни концерти во Скопје на 11 и 12 мај во новиот објект на Македонската филхармонија.
Во рамките на целовечерниот концерт со наслов „Сон, верба, љубов“, Бојаџиев ќе настапи со авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание „Сон-Верба-Љубов“, како и дел...








































