Снимката за „Поткуп“ и денеска нема да се слуша во Кривичен

Интегралната снимка за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, нема да биде пуштена и на денешното рочиште во Кривичниот суд бидејќи Апелација сė уште не се произнела по забелешката од Јавното обвинителство дека станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот. Обвинителството се жали на одлуката на Судечкиот совет јавноста да не биде исклучена...

Од Солун до Софија и назад

Изненадува и повторно обесхрабрува тоа што европските челници, и покрај многубројните досегашни искуства, не само што го толерираат тоа туку и самите безглаво се втурнуваат во спиралата на крајно паушални оцени и прогнози за голем потенцијал на запаливоста (експлозивноста) на регионот и повторно си дозволуваат прогнози со катастрофални исходи. Ниту упорноста на првите, ниту наивноста и површноста на вторите...

Фрлено брашно и јајца врз албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната парламентарна седница беше гаѓан со брашно поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија. Кон Рама беа фрлени брашно и јајца, поради што седницата во неколку наврати беше прекината. По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на...

Американски шпионски авиони слетаа на Крит

Два американски разузнавачки авиона слетаа на аеродромот „Никос Казанѕакис“ во градот Ираклион на грчкиот остров Крит. Еден од авионите бил со цивилни ознаки, а другиот со препознатливи обележја на американското Воено воздухопловство. Приситигнувањето на авионите на Крит се случува во момент на зголемени тензии во реонот на источниот Медитеран, поради можноста од нападите на САД и Франција врз Сирија и во...

Судењето на обвинетите во „Титаник“ одложено за 26 април

Судењето за предметот „Титаник“ на СЈО во Кривичниот суд Скопје ќе продолжи на 26 април, откако денешното рочиште беше прекинато поради барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на судечкиот совет, на претседателот на Кривичен суд и на судии од Апелацискиот суд во Скопје. Судијата Осман Шабани, по паузата изјави дека барањето на адвокатот ќе го проследи до Апелацискиот суд. Адвокатот...

Бошњаковски: Владата внимателно ја следи ситуацијата со увозот на челик во САД и во ЕУ

Владата внимателно ја следи состојбата со најавите за ограничен увоз на челик во САД и во Европската Унија и, во согласност со развојот на ситуацијата, ќе излезе со предлог мерки за превенирање евентуални проблеми. - Ситуацијата се следи внимателно, уште од најавата дека ќе се преземат вакви мерки на глобално ниво, иако Европската комисија сѐ уште е во фаза на...

Нетанјаху: Потребна е воена акција против Сирија и Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на акција против Сирија, поради сомнежите дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума. - Настаните од последните денови нė учат дека борбата против злото и агресијата е мисија, која секоја генерација треба да ја преземе - изјави израелскиот премиер во говор по повод Денот на сеќавање за жртвите на Холокаустот....

Се бара визија за Шар Планина

Додека речиси две децении се чека на реализирање на иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк, еколозите бараат решение Платформата „Пријателите на Шара“ и Македонското еколошко друштво, лобисти за прогласување на Шар Планина за национален парк, со серија трибини ќе собираат информации за да изработат документ под име „Заедничка визија за Шар Планина“, како и да формираат советодавно...

Повторно заживува балканската мигрантска маршрута

Опасностите од повторно заживување на балканската мигрантска маршрута сѐ уште не се комплетно елиминирани, е констатацијата на која наведуваат неодамнешните изјави на високи државни функционери, но и извештаи од теренот објавени во регионалните медиуми Две години по затворањето на мигрантската маршрута, која минуваше низ Македонија и Балканот во текот на 2015 и 2016 година, се чини дека опасностите од оваа...

Новата мека моќ на Америка

Меката моќ како феномен е повторно актуелна на светската политичка сцена. Примената на меката моќ во денешно време е од потребата за реализација на политичките и воените цели со минимум жртви, ресурси и потреби. Во минатото меката моќ се користела како вештина во традиционални општествени рамки, додека денес нејзината примена има доктринарен научен пристап. Џозеф Нај е еден од...