Османи: Реализирани над 90 отсто од Планот 3-6-9, очекуваме препорака
Македонија успеа да испорача исклучително поволна реформска агенда во изминатите девет месеци и е повторно вратена на европскиот пат. Ова е пораката што на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи му била пренесена во разговорите со претставници на Европската комисија за време на вчерашната посета во Брисел.
Тој истакна дека Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти и очекува Европската...
Реформските закони поминуваат лесно во Собранието
Според вицепремиерот Османи, постигнат е консензус меѓу власта и опозицијата за донесување на пакетот реформски закони за кои е потребна поддршка од две третини од пратениците
По расправата и гласањето за интерпелацијата на Владата, Собранието се посветува на исполнување на условите за добивање позитивна оцена во извештајот на Европската комисија, кој треба да биде објавен на 17 април. Ветеното исполнување...
Има напредок, но има и разлики
Шефот на дипломатијата Никола Димитров рече дека биле отворени едни од најжешките точки и најави нова заедничка средба во Солун и продолжување на процесот со преговорите веќе на почетокот на идниот месец
Првпат разговаравме за временската рамка и за чекорите што ќе следуваат доколку се постигне решение, односно како ќе изгледа и ќе се имплементира. Ова беше разговор без надмудрување,...
Кривични за екс градоначалниците на Радовиш и Василево
Кривични пријави заработија поранешните граданочалници на Радовиш Сaшко Николов (39) и на Василево В.С. (51), пренесува МИА.
Кривичната за радовишкиот градоначалник Николов е поради основано сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти денес портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Според неа, Николов на почетокот на јули лани постапил спротивно на актите на општината и потпишал налог...
Сличности и разлики меѓу евентуален конфликт во Сирија и бомбардирањето на Југославија
Според воените аналитичари, нема да има воен победник меѓу војските на Русија и САД при евентуален судир околу случувањата во Сирија, туку сите ќе бидат губитници
Опасноста од избувнување отворен воен конфликт меѓу најголемите воени сили САД и Русија со децении ги вознемирува сите на планетава, а ризикот особено доби интензитет по последните геополитички превирања околу Сирија. Имено, по наводниот...
Ново рочиште за „Тендери“, одбраната бара исклучување на јавноста
Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна рочиштето во предметот на СЈО „Тендери“ што се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.
Првообвинета во овој случај е поранешната министерка Елизабета Канческа-Милевска, која е присутна на денешното рочиште на кое треба да се сослушуваат аудио снимки кои се доказ во постапката.
Одбраната бара...
Нема да се зголеми старосната граница за пензионирање
Зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Царовска на прес-конференција во Владата информира за сработеното во изминатите 11 месеци. Рече дека вкупно 4.535 стечајци добија позитивни решенија, а околу 90.000 граѓани повисока плата, обезбедени се средства за 138 нови вработувања во центрите за социјална...
Одбраната во „Транспортер“ побара изземање на судскиот совет
Во Кривичниот суд Скопје денеска се одржува ново рочиште за случајот „Транспортер“ на кое се присутни сите 21 обвинети лица.
Во овој случај се обвинети поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
Адвокатот на Талевски побара...
Изложба на Јасмина Руневска во Прилеп
„Превдомување“ е изложба од Јасмина Руневска, која ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“.
На уметницата ова и е прва самостојна изложба, за која ќе говори Бисера Бендевска.
Изложбата е инсталација, имитација на Дом преку затворена композиција изработена со метална конструкција и саргии, во вид на кружна соба. Исполнета со објекти, сувенири, звук, светлина, мириси,...
Рамбо Амадеус: Психијатарот ми вели дека ништо не ми фали, редовно го посетувам
Еден од најоригиналните музичари од регионот, Рамбо Амадеус, гостувајќи во емисија на една српска телевизија откри дека редовно посетува психијатар, пренесува магазинот „Недељник“.
„Мојот психијатар вели дека ништо не ми фали. Го посетувам редовно. Вели дека ништо не треба да менувам. Но ако сум екстремно инетелигентен нема да седам со вас во емисија, сигурно ќе бев на јахта со Ротшилд“,...








































