Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата на Гоце Делчев во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, на споменикот на Пере Тошев во центарот на градот, на неговиот гроб во црквата „Свето Благовештение“, како и на Могилата на непобедените, симбол на непокорот на прилепчани, денеска во Прилеп беше одбележана 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев и 114 години од смртта на Пере Тошев.
Беше одбележуан и патрониот празникот на ООУ „Гоце Делчев”.
– Двајцата великани не само што ги положија своите животи за слободна Македонија, туку оставија и траен завет за идните генерации, дека љубовта кон татковината и стремежот кон слобода се највисоките човечки идеали. Гоце Делчев и Пере Тошев беа визионери, со непоколеблива верба во правото на македонскиот народ да живее слободно и достоинствено. Нивната жртва е темелот врз кој се гради нашата државност, а нивниот пример е патоказ да ја чуваме Македонија, да ја градиме со посветеност и љубов и да ја пренесеме на идните генерации. Нека нивниот лик и дело нè потсетуваат дека Македонија е наша заедничка одговорност и љубов, а нивната борба нека биде инспирација за секој чекор кон подобро утре за генерациите што доаѓаат – посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
Вечерва со пригодна програма ОУ„Гоце Делчев” во ЦК„Марко Цепенков” ќе го одбележи патрониот празник.
Ка.М.




































