Хајнкес: Очекувам непредвидлив судир

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес по денешниот ждреб за полуфиналето на ЛШ изјави дека одлично ги познава Реал Мадрид. Хајнкес е поранешен фудбалер и тренер на „белите“, со кои го освои најпрестижниот фудбалски клубски турнир во 1998 година. - Очекувам непредвидлив судир. Двата тима се обидуваат да играат исклучително атрактивен фудбал. Го познавам одлично „Сантијаго Бернабеу“, како тренер и како...

Привремен сообраќаен режим на дел од Партизанска

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Партизански одреди ќе биде воведен од денеска до 24 април, информираат градските власти. Сообраќајниот режим се воведува поради изведување градежни активности за завршно асфалтирање на булеварот Партизански одреди, од улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8 Септември. Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен...

Кумуцакос: Коѕијас прифаќа дека Грција има иредентистички аспирации кон соседната земја

Логиката на идентификација на Грција и Скопје во прашањето со иредентизмот е неприфатлива и ги поткопува националните позиции, смета одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија Јоргос Кумуцакос, реагирајќи на вчерашната изјава на шефот на македонската дипломатија. Кумуцакос упатува критики до грчкото МНР, поради изјавата на Никола Димитров на вчерашната прес-конференција со Никос Коѕијас во Охрид, за делот...

Руските специјални служби пет години ги следеле Сергеј и Јулија Скрипал

Руските разузнавачки служби го шпионирале поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија речиси пет години, соопшти советникот на британскиот Совет за национална безбедност Марк Седвил во писмо до НАТО, јави АФП.  - Според нашите информации, интересот на руските разузнавачки служби кон Скрипал датира најмалку од 2013 година кога адреси во електронската пошта на Јулија Скрипал биле хакирани од...

„Исцелител“ на меѓународен филмски фестивал во Виена

Фестивалската промоција на филмот „Исцелител“ продолжува на 6. Меѓународен филмски фестивал „Let’s CEE“ во Виена кој почнува денеска. Во официјалната програма „Ветувачки дебитантски филмови“, во која ќе се натпреварува заедно со 13 други филмови, „Исцелител“ ќе има три прикажувања, на 16-ти, 17-ти и 21 април. Во фокусот на фестивалот се филмови од Централна и Источна Европа. Во наредните десет дена...

Луковица во општина Желино уште чека асфалтиран пат

И сегашниот градоначалник на општина Желино, како и поранешните, велат дека локалната самоуправа нема доволно пари сама да го до-асфалтира патот до Луковица, единственото село до кое нема целосно асфалтирана делница. Новиот градоначалникот Блерим Сејдиу вели дека ќе се бара помош од Владата за доградување на преостанатите шест километри до планинското село Луковица. - Руралните општини немаат финансиски сили да се соочат со...

Крихбаум: Македонија може да биде атрактивна туристичка дестинација

Македонија може да се развие како атрактивна туристичка дестинација. Тоа е сложен проект кој бара огромни инвестиции, но на долг рок е економски исплатлив за земјата, истакна претседавачот со Комисијата за европски прашања во Бундестагот Гунтер Крихбаум. Крихбаум ја предводи седумчлената делегација која е во посета на Македонија, а денеска имаше средба со Делегацијата на германското стопанство. На средбата на која...

Во февруари 177 градежни дозволи, предвидени 610 станови

Во февруари годинава се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.319.609.000 денари, што е за 63,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи на...

„Женска фрагилност и/или моќ“ на Шќипе Мехмети во Софија

Во КИЦ на Република Македонија во Софија е отворена изложбата „Женска фрагилност и/или моќ“ на уметницата Шќипе Мехмети. На изложбата се претставени дваесетина дела, изработени во графичката техника сува игла. - Жената и женскиот принцип, нејзината нежност, сензуалност, чувственост, сексуалност, моќ на ранета лавица од една страна наспроти нејзината фрагилност, кршливост, злоупотреба, болка се главните два аспекта што како...

Премиера на драма на Трајче Кацаров во Косовска Митровица

На големата сцена на народниот театар „Добрица Милутиновиќ“ во Сремска Митровица, Србија, во вторник, 17 април, со почеток, во 20 часот, ќе се одржи премиерата на претставата „Со вкус на овошен сладолед“, работена според истоимениот драмски текст на македонскиот писател и драматург Трајче Кацаров. Режијата е на Драган Јовичиќ-Јовиќ, а во претставата играат: Душанка Анојчиќ, Владимир Балашќак, Јелена Јанковиќ,...