Членови на Комисија овозможиле бања да се користи како хотел со четири ѕвезди
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против членови на комисија за категоризација, бидејќи овозможиле објект наменет за бањски туризам да биде користен како хотел со четири ѕвезди.
- Пријавените во својство на службени лица - членови на Комисија за категоризација на угостителски објекти за сместување при Министерство за економија, искористувајќи ја својата службена...
ОН: Да се зачуваат доказите за хемискиот напад врз Дума
Истражителите на Обединетите нации(ОН) денеска го осудија нападот за кој се претпоставува дека е извршен со хемиско оружје во сирискиот град Дума и нагласија дека е потребно да се зачуваат доказите за идни кривични прогони.
- Сторителите на таквите напади мораат да бидат идентификувани и мора да бидат повикани на одговорност – објави во соопшение меѓународната комисија на ОН за...
Руското правосудство нареди блокада на апликацијата Телеграм
Руското правосудство нареди денеска да се блокира мобилната апликација за размена на пораки Телеграм во Русија, во очекување таа да им одобри на специјалните служби читање на пораките на корисниците на апликацијата.
Апликацијата што ја користат околу 200 милиони луѓе, а чии соосновачи се од руско потекло, е позната по тоа што нуди висока доверливост и со месеци ги одбива...
Пукано врз вработена во маркет во Чаир
Вооружен напаѓач денеска отворил оган врз вработена во маркетот „Кипер“ во Чаир, соопшти полицијата.
Според истиот извор, машко лице пукало во вработената А.Ѓ., а случајот во полиција го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица Кемал Сејфула.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Албанската полиција заплени 612 килограми марихуана
Над 600 килограми марихуана заплени албанската полиција во две одделни акции, јавуваат албанските медиуми.
Во приморскиот град Каваја запленети се 562 килограма марихуана на автопатот Рогожина-Каваја.
Дрогата била во комби возило натоварено на друг камион од влечна служба, како наводно да е расипано, со цел да не биде сомнително за полицијата. Уапсено е едно лице, додека по други три лица полицијата...
Премиерлигашите засега против ВАР системот
Англиските премиерлигашки клубови се изјаснија денеска дека се против воведување ВАР технологија од сезоната 2018/2019 година.
На денешното гласање учествуваа сите 20 клубови од Премиер лигата и беа согласни дека би требало да се продолжи со напредно тестирање за користењето на таа технологија и во идната сезона.
ВАР технологијата беше користена оваа сезона во ФА и Лига купот и забележани се...
Македонија лидер во регионот во енергетски реформи
Македонија е рангирана на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи, соопшти денеска Министерството за економија, повикувајќи се на Извештајот за одржлив развој на Енергетска заедница посветен на земјите од Западен Балкан.
Според извештајот, Македонија има највисоки оценки на листата од шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна...
Вучиќ: За решение за Косово потребна е согласност од големите сили
Србија е подготвена за компромис, но за тоа се потребни две страни, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел.
Говорејќи пред новинарите, рече дека порано верувал дека е полесно сами да разговараат Србите и Албанците.
- Но, за трајно решение потребна е и согласност на Германија, Франција, на ЕУ, САД, Турција и Русија, а...
Завршува грејната сезона, ќе се доставуваат порамнителни сметки
„Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје во следниот период ќе изврши порамнување на сметките што потрошувачите ќе ги добијат за мај, јуни и јули, согласно количината на испорачана топлинска енергија во текот на грејната сезона, односно ќе се изврши порамнување меѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија.
Како што соопштуваат од компанијата, висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач...
Дукоски: Во првата „бомба“ за Тендери недостасува една секунда
Бранителот на обвинетните во случајот „Тендери“, адвокатот Сашко Дукоски смета дека СЈО несериозно ја води постапката и потенцира дека во првата „бомба“ недостасува една секунда и за разлика од транскриптот го нема делот во кој директорот на Бетон Штип Илија Брезилски ја пцуе првообвинетата, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.
- Ова е вторпат што се случува истото, првпат...








































