Грчко МНР: Да продолжат дипломатските напори во ОН за Сирија
Грција остро ја осудува употребата на хемиско оружје и ги поддржува обидите за нивно искоренување, а дипломатијата одново треба да се врати во прв план и да продолжат напорите во рамките на Обединетите нации, соопштуваат од грчкото Министерство за надворешни работи во врска со ракетните напади во Сирија.
Министерството за надворешни работи на Грција смета дека целта на меѓународната заедница...
Пентагон: Уништен е најголем дел од сириското хемиско оружје
Пентагон денеска соопшти дека со ракетните напади врз Сирија бил уништен најголем дел од сириските капацитети за производство и употреба на хемиско оружје.
- Иако делови од сириската инфраструктура за хемиско оружје се уште постојат, мислиме дека им нанесовме сериозен удар - изјави генерал Кенет Мекензи, кој денеска одржа брифинг во Пентагон за ракетните напади што САД ги извршија заедно...
Шест кандидати за признанието најдобар фудбалер во Премиер лигата
Здружението на професионални фудбалери во Англија, ги објави имињата на претендентите за освојувањето на наградата за играч на годината.
Меѓу номинираните, тројца се од Манчестер Сити, а по еден фудбалер од Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.
Кандидати за наградата најдобар фудбалер на годината во Премиер лигата:
Кевин де Бруин (Манчестер Сити)
Давид Силва (Манчестер Сити)
Лорој Сане (Манчестер Сити)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Хари Кејн (Тотенхем)
Давид де...
Повеќе од 50 филма на „Скопје филм фестивал“
Повеќе од 50 филма, работилници, гостувања на нови европски филмски имиња, како и филмска ретроспектива на Алфред Хичкок, ќе понуди 21. „Скопје филм фестивал“. Ќе биде отворен на 19 април во „Милениум“ со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски.
До 26 април публиката на СФФ на три локации („Милениум“, „Фросина“ и Кинотека) ќе гледа...
Шекеринска: Случувањата во Сирија ќе имаат влијание и врз Македонија
Она што се случува на илјадници километри од нас, во Сирија, ќе има влијание и врз Македонија и со зголемување на мигрантскиот притисок, меѓутоа и со една глобална ситуација во светот која не им одговора на малите држави. Како држава се подготвуваме и за зголемување на мигрантскиот притисок врз границите.
Ова денеска го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска...
Шекеринска: Власта и опозицијата покажаа дека државата може да биде европска
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска истакна дека со враќањето на опозицијата во Парламентот и постигнатиот договор за најголемиот дел реформски закони заедно покажале дека тоа е важен знак за нормализација на состојбите во државата.
Тоа, рече Шекеринска на отворениот брифинг со медиумите, било резултат на разговори и преговори и дискусии меѓу владините партнери и најголемата опозициска партија.
Според...
Трамп: Перфектно изведен напад, мисијата е завршена
Во својата прва Твитер порака по нападот врз Сирија, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападот бил извршен „перфектно“ и дека мисијата е исполнета.
- Перфектно извршен напад ноќеска. Благодарност до Франција и до Обединетото Кралство за вашата мудрост и за моќта на вашите одлични армии. Не можевме да имаме подобри резултати. Мисијата е завршена - напиша Трамп, алудирајќи на...
Османи: Процесот на преговори целосно транспарентен, дури и за најсензитивните прашања
Процесот на преговори во последните месеци го карактеризираат транспарентност и инклузивност. Нема информација во целиот процес на преговори, дури и најсензитивната, која јас не ја знам, а ја знае премиерот Зоран Заев или не ја знае Али Ахмети или Христијан Мицковски или Ѓорге Иванов. Значи целосно транспарентен процес, дури и за најсензитивните прашања, бидејќи сметаме дека така се решава...
Нема жртви при нападите на САД, Британија и Франција врз Сирија
Нема цивилни, ниту воени жртви во нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија рано изутринава во Сирија врз цели на силите лојални на претседателот Башар ал-Асад.
Според прелиминарните информации на руските сили, меѓу цивилите и меѓу сириската армија нема жртви, нагласи началникот на Оперативната управа на Генералштабот на руската Армија, генерал Сергеј Рудској.
На прес-конференција тој изјави дека од вкупно...
Могерини: Употребата на хемиско оружје е злостоврство против човештвото
Европската Унија „најстрого ја осудува постојанта употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим“ исткна во писмено соопштение високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, објавено по повод денешните воздушни напади на САД, Франција и Велика Британија.
- Во тој контекст бевме информирани за целните американски, британски и француски воздушни напади врз складиштата за хемиско...








































