Илустрации за тажната вистина на модерното време

" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"] Марко Мелграти е илустратот, кој живее и работи во Мексико Сити. Тој прави илустрации за современото општество, кои многу често ја прикажуваат неговата темна и тажна природа.

Испратете го своето име во вселената

Последен ден до кога можете да го испратите своето име во НАСА е 27 април годинава. Името ќе биде сместено во ракетата „Паркер солар проуб“, која ќе биде лансирана во јули-август годинава.

Почина режисерот Милош Форман

На 86-годишна возраст по кратко боледување синоќа почина познатиот американски режисер со чешко потекло Милош Форман. Како што соопшти менаџерот на Форман, Денис Аспланд, режисерот-оскаровец починал во неговиот дом во местото Ворен во американската сојузна држава Конектикат. Форман е добитник на Оскар за режија за филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Амадеус“, а меѓу неговите останати познати дела се и „Народот...

По три децении најдена украдена слика на Шагал

Сликата на Шагал, украдена пред 30 години од семејниот дом во Њујорк, конечно ќе биде вратена на сопствениците, јави ФБИ. Сликата „Отело и Дездемонa“ од 1911 година била украдена од станот на Ернест и Роуз Хелер заедно со десетина други уметнички дела и накит. Вредното дело е пронајдено откако сопственик на галерија во Вашингтон минатата година двапати одби да ја купи...

Прилеп домаќин на интернационалната изложба на расни кучиња

Прилеп викендов е домаќин на  18.  интернационална изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2018“, во организација на прилепското кинолошко друштво.  Пријавени се над 430 кучиња од преку 20 земји, меѓу кои од:  Србија, Бугарија, Грција, Романија, Австрија, Унгарија, Шветска, Косово, Италија, Франција, Чешка, Словачка, Хрватска,  како и од повеќе градови во државава. Изложбата ја отвори градоначалникот Илија Јованоски, посакувајќи им добредојде и фер натпревар на сите сопственици чии што домашни миленици се...

Лавров: Нападот врз Сирија е нелегитимен и неприфатлив

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека американско-британско-францускиот ракетен напад врз Сирија е „нелегитимен и неприфатлив“. - Ќе разговараме за тоа како западните партнери ја оправдуваат својата целосно нелегитимна и неприфатлива операција. Американскиот претседател, британската премиерка и францускиот претседател тврдеа дека имаат несоборливи докази дека во Дума било користено хемиско оружје, и дека тоа го сторил Башар...

Ајфеловата кула повторно отворена за посетителите

Еден од најпрепознатливите белези на Париз, Ајфеловата кула, од денеска повторно е отворена за посетителите по едноделниот штрајк на вработените во обезбедувањето. Пoголем број синдикати во Франција протестираат против одлуката на претседателот Емануел Макрон да се воведе поголема конкуренција во дејности како што е обезбедувањето и железничкиот превоз. Француските железници се уште се во сериозен застој поради штрајкот, а протестираа...

ЕУ ги повика Русија и Иран да помогнат да се спречат идни хемиски напади во Сирија

Европската унија ги повика Русија и Иран да помогнат да се запрат евентуалните во иднина хемиски напади на сириската армија заканувајќи се со нови економски санкции. - Европската унија ги повикува сите држави, а особено Русија и Иран, да го искористат своето влијание за да се спречи сирискиот режим во иднина да користи хемиско оружје - се вели во соопштение...

Грчко МНР: Да продолжат дипломатските напори во ОН за Сирија

Грција остро ја осудува употребата на хемиско оружје и ги поддржува обидите за нивно искоренување, а дипломатијата одново треба да се врати во прв план и да продолжат напорите во рамките на Обединетите нации, соопштуваат од грчкото Министерство за надворешни работи во врска со ракетните напади во Сирија. Министерството за надворешни работи на Грција смета дека целта на меѓународната заедница...

Пентагон: Уништен е најголем дел од сириското хемиско оружје

Пентагон денеска соопшти дека со ракетните напади врз Сирија бил уништен најголем дел од сириските капацитети за производство и употреба на хемиско оружје. - Иако делови од сириската инфраструктура за хемиско оружје се уште постојат, мислиме дека им нанесовме сериозен удар - изјави генерал Кенет Мекензи, кој денеска одржа брифинг во Пентагон за ракетните напади што САД ги извршија заедно...