Четири жртви на големо невреме во САД
Бура ги зафати САД, предизвикувајќи најмалку четири смртни случаи во сообраќајни и други несреќи. Во јужната држава Луизијана две лица загинаа, меѓу кои и двегодишно девојче, кога големо дрво се урна под налети на силниот ветер и падна врз куќарка.
Погоре на север, во државата Висконсин паднале 45 сантиметри снег, додека на езерото Мичиген брановите достигнуваат над пет метри.
Албанија и Косово ги подржаа нападите врз Сирија предводени од САД
Албанија и Косово застанаа зад воздушните напади врз Сирија што ги изведоа САД, Велика Британија и Франција.
Во реакцијата на претседателот на Албанија Илир Мета стои дека Албанија е на страната на западните сојузници.
- Ја подржуваме воената интервенција на САД, Францја и Британија врз хемискиот арсенал на криминалниот режим на Асад. Ние сме на страната на нашите сојузници и ја...
Белграѓанка одела на гости и крадела накит од куќи во Гостиварско
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против српска државјанка за која постои сомневање дека украла накит од три куќи во Гостиварско во кои била гостинка, во вредност од околу 10 илјади евра.
К.З.Б. (32) од Белград на 9 април во 14 часот во Гостивар, во куќата на М.Д.(30), каде била на гости, одзела златен накит. Настанот бил пријавен, а златото биле...
Германскиот претседател Штајнмаер загрижен од влошувањето на односите со Русија
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вчера изјави дека е загрижен поради влошувањето на односите меѓу Русија и западните земји, пред се поради труењето на агентот Сергеј Скрипал, и побара да се вложат дипломатски напори за да се поправат нарушените односи.
- Настрана Путин, не можеме да ја прогласиме целата Русија, целата земја, нејзините луѓе, како непријатели, Штајнмаер изјави за весникот...
РСЕ:Извештај на ЕК предупредува за криминал и корупција на Балканот
Европската комисија во следната недела ќе објави Пакет за проширување во кој се проценува состојбата во државите кои настојуваат дса се придружат на 28-члениот блок. Радио Слободна Европа имале увид во документот што ќе биде објавен на 17 април во Стразбур.
Невралгични точки во сите држави од Западен Балкан остануваат оние што се поврзани за владеењето на правото. Организираниот криминал...
Франција, САД и Британија со нова нацрт резолуција за Сирија
Преговорите за текстот, редактиран од Франција почнуваат утре. Датум за гласање не е наведен со цел „Париз да даде време за вистински преговори“, наведува изворот.
За првпат во СБ на ОН се предлага текст во кој се обединети три аспекти на проблемот – политички, хуманитарен и хемиски. Целта не е да се промени управувањето со државата туку да се покаже...
Температурата до 25 степени, од утре повремени врнежи
Времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 20 до 25 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се...
Сајтот на Бигорскиот манастир достапен и на грчки јазик
Една година по објавувањето на новиот сајт на манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир објавена е и верзијата на грчки јазик.
- Исто како и пред една година и сега во чест на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, објавена е верзја на манастирскиот сајт на грчки јазик - велат од Бигорскиот манастир.
Во најскоро време, со Божја помош,...
Нова хоризонтална сигнализација на кичевските улици
Деновиве скопската компанија „Виа Сигнал“ поставува нова хоризонтална сигнализцаија на кичевските улици. И покрај сончевото и топло време, работниците од оваа компанија без прекин ги освежуваат пешачките премини и сите неопходни хоризонтални знаци, за непречено одвивање на сообраќајот.
Овој зафат е дел од програмата на општина Кичево за 2018 година и е финансиран од локалниот буџет.
- Од средата започнавме со...
Продолжува отстранувањето непрописно паркирани возила во Центар
ЈП „Паркинзи на општина Центар“ во соработка со СВР Скопје и ЈП „Градски паркинг“ и викендов продолжува со отстранување на сите непрописно паркирани возила во општина Центар.
Со цел расчистување на хаосот и проблемот со неправилото паркирање во централното градско подрачје, денеска и вчера се отстрануваа сите непрописно паркирани автомобили во Дебар Маало, а во наредниот период акцијата ќе продолжи...








































