Франција ја повика Русија да ги поддржи напорите за мир во Сирија
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан ја повика Русија да ги поддржи меѓунардоните напори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот во Сирија.
- Треба со здружени напори да го поддржиме политичкиот процес во Сирија, кој ќе овозможи обезбедување излез од крозата, изјави Ле Дријан во интервју за денешниот број на весникот, „Журнал ди Диманш“, само еден ден по...
Асад се сретна со руски пратеници, вели дека Сирија е цел на агресија
Сирискиот водач Башар ал Асад денеска се сретна со група руски пратеници, при што изјави дека ракетните напади на САД, Британија и Франција врз Дамаск и Хомс се „акт на агресија“.
- Од гледна точка на претседателот, ова беше агресија, а ние го споделуваме неговиот став, изјави рускиот пратеник Сергеј Железњак за новинската агенција ТАСС, по средбата со Асад.
Според руските...
МВР: Само задоволна полиција може да ја гарантира безбедноста на државата
Во Министерството за внатрешни работи, како што информираат оттаму, во тек се сериозни реформи, кои имаат за цел да го вратат угледот на Министерството и да ја вратат довербата кај граѓаните.
- Актуелното раководство на МВР ги презема неопходните мерки за надминување на состојбите кои ги затекна во Министерството, како недостиг од опрема и униформи за полицијата, несоодветна кадровска поставеност...
Почина Павлина Апостолова Богданова – првенка на Македонската опера
Во Скопје, на 90-годишна возраст, почина поранешната првенка на Македонската опера, Павлина Апостолова-Богданова, која припаѓа на правата генерација оперски солисти кои ја формираа македонската оперска сцена и музичка култура.
До нејзиното заминување во пензија, со изведби на 40-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше...
Осумина кандидати во трката за координатор на ВМРО ДПМНЕ Битола
Листата на кандидати за координатор на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола, од над 35 колку што се пријавија на конкурсот, по првичното интервју е скусена на само осумина.
Останатите 27 кандидати, отпаднаа од трката.
Според информации на Битолски весник во неделата во Скопје на ново интервју кај првиот човек на партијата и членовите на комисијата биле осуммина кандидати, кои останале...
Пендаровски: НАТО не е единствена, но е најдобра алтернатива за Македонија
После сите компаративни анализи што може да ги извлечеме на таа тема, не можам да видам дека постои друга организација, во некој друг регион во светот, која нуди подобри предуслови за развој на ова специфично општество во Република Македонија, вели националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Тој истакнува дека Македонија сега е поблиску...
Десетици уапсени по насилните синдикални протести во Франција
Француската полиција уапси 63 лица по вчерашните безредија во градовите Нант и Монтпелие, во кои беа повредени деветмина полицајци.
Протестите избија поради најавената реформа на пазарот на трудот, со која претседателот Емануел Макрон се обидува да ја подобри инвестициската клима во Франција. Синдикатите го обвинуваат Макрон за намалување на работничките права, и повикаа на штрајк во повеќе индустриски дејности.
Во Нант,...
Борисов утре во посета на Косово
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја го држи ротациското претседателство со Европската унија, утре ќе го посети Косово.
Според бугарската новинска агенција БТА, целта на посетата е да се разгледаат можностите за подобрување на соработката во регионот и одржувањето на мирот и стабилноста на Балканот.
Борисов ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и со Наталија Апостолова,...
Кривична пријава за директор на училиште за земање поголема плата од утврдената
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Т.Д. (46) од Гевгелија осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од март 2010 година до септември 2017 година пријавениот како директор на ООУ „Климент Охридски“ во гевгелиското село Миравци, и наредил на вработената како секретар, благајник и сметководител во училиштето да му биде пресметуван, а...
Од струен удар починал 21-годишен градежен работник
Дваесет и едногодишен вработен во градежна фирма Џ.В. од скопското село Моране вчера починал од струен удар додека на ул. „Герника“ се изведувале градежни работи - истовар на цигли од товарно возило со кран.
МВР соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 13 часот. Несреќата се случила откако дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што Џ.В.,...







































