Листата на кандидати за координатор на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола, од над 35 колку што се пријавија на конкурсот, по првичното интервју е скусена на само осумина.

Останатите 27 кандидати, отпаднаа од трката.

Според информации на Битолски весник во неделата во Скопје на ново интервју кај првиот човек на партијата и членовите на комисијата биле осуммина кандидати, кои останале во трката.

Тоа се: Александар Мирчевски, претседател на МК “Кочо Десано”, Ѓорги Ѓоргиевски, кој ја водеше правната комисија на ОК ВМРО ДПМНЕ, Горан Исков, активист на УМС и поранешен технички секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, претседател на МК “Јонче Мурџевски”, член на ОК ВМРО ДПМНЕ и актуелен советник во Советот, Николче Котевски, екс потпретседател на УМС ОК од 2006 до 2012 година и поранешен советник во Советот од 2009 до 2013 год, Томислав Новевски, потпретседател на УМС ОК Битола од 2012 до 2015 год. Пеце Милевски екс претседател на УМС ОК Битола од 2008 до 2012 год. член на ОК ВМРО ДПМНЕ и екс советник во Советот и Борче Димитровски, актуелен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ и советник во Советот на Битола.

М.М.