Димитров: Се надевам на чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ
Се надевам дека ќе имаме чиста препорака за отпочнување преговори за членство во Европската унија(ЕУ), порача вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во обраќањето пред учесниците на регионалната конференција по повод 10-годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот што се одржува денеска и утре во Белград.
Тој нагласи дека едвај чека да го прочита извештајот на Европската комисија(ЕК),...
Меј: Акцијата во Сирија беше морално и легално оправдана
Сирија се обидува да ги скрие фактите за хемискиот напад што беше извршен со асистенција на својот сојузник Русија, рече британската премиерка Тереза Меј, во обраќањето во британскиот Парламент.
Според неа, воената акција била и „морално и легално оправдана“.
- Одлуката Британија да изведе воздушни напади врз Сирија беше во национален интерес на земјата и не е резултат на притисокот од...
Коѕијас: Соседите да не преговараат преку интервјуа и јавни изјави
Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, порача шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас од Луксембург, по Советот за надворешни работи на ЕУ.
Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рече дека освен за ситуацијата во Сирија и нуклеарната програма на Иран, разговарале и за земјите од Западен Балкан,...
Финска ја одобри изградбата на Северен поток 2 низ нејзина територија
Финските власти дадоа конечна дозвола за изградба и користење на територијалните води на државата за рускиот гасовод Северен поток 2.
Гасоводот, кој се протега од Русија до Германија, треба да минува низ финската економска зона и Балтичкото Море во должина од околу 375 километри.
Германија веќе ја одобри изградбата на гасоводот, а проектот моментно е во фаза на добивање дозвола од...
Аналитичар: Апсењето на Марко Ѓуриќ е договорено меѓу Вучиќ и Тачи
Политичкиот аналитичар од Приштина Бељуљ Бечај денеска оцени дека акцијата на полицијата во Косовска Митровица во која беше уапсен директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, е резултат на договор помеѓу претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
Бечај за Радиотелевизија Косово(РТК) оцени дека апсењето на Ѓуриќ било „неопходно бидејќи...
Дел од Припор утре без вода
Поради поставување регулаторни цевки утре без вода ќе бидат корисниците од втора зона Припор.
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради поставување на регулатори и цевка од ф 100 мм во Втора зона Припор, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Втора зона Припор од 10:00 часот до завршување на работите.
Заев: Нема ништо незаконско на снимките од ПИ мерките
Нема ништо незаконско во прислушуваните разговори кои се користат како доказ во постапката, изјави денеска премиерот Зоран Заев по рочиштето за случајот „Поткуп", кое зад затворени врати траеше повеќе од два часа.
- На рочиштето биле преслушани сите разговори обезбедени со посебните истражни мерки и прегледани сите смс пораки, но никаде немало договарање на поткуп, со што повеќе од...
Посебен сообраќаен режим за време на Дигиталниот самит
Поради претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, што на 18-ти и 19 април ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена „Борис Трајковски“, утре од 15 часот и во следните два дена, односно до 15.30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.
Со посебниот...
ДИК на Црна Гора: Ѓукановиќ победник на претседателските избори
Мило Ѓукановиќ е новиот претседател на Црна Гора, откако освои 180.274 гласа или 53,9 проценти на вчерашните претседателски избори, соопшти денеска црногорската Државната изборна комисија.
Според конечните изборни резултати, главниот противкандидат на Ѓукановиќ, Младен Бојаниќ, кого го поддржаа поголемиот дел од опозициските партии, освоил 111.711 гласови или 33,4 отсто.
Кандидатката на опозициската Социјалдемократска партија Драгиња Вуксановиќ освоила 27.441 гласа или 8,2...
Дејвид Швимер именуван за прв човек на Лондонската берза
Нов генерален директор на Лондонската берза (ЛСЕ) од 1 август ќе биде Дејвид Швимер, еден од челните луѓе на инвестициската банка Голдман Сакс.
Групацијата ЛСЕ соопшти дека за генерален директор го именувала Швимер, откако неговиот претходник Гзавие Роле минатата година се повлече од таа функција по нешто помалку од десет години.
Швимер е во Голден Сакс веќе 20 години, каде неодамна...







































