УНИЦЕФ загрижен од насилството врз и помеѓу децата во Македонија
УНИЦЕФ со загриженост ја следи состојбата со насилството врз и помеѓу децата во земјата. Неодамнешниот инцидент во кој се вклучени ученици од основното училиште „Гоце Делчев“-Неготино е неспорен доказ за потребата повторно да се разгледаат начините на кои образовниот систем и целата заедница постапуваат во однос на насилното однесување, истакнува Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.
Во писмената изјава...
Лавров: Односите меѓу Русија и Западот сега се полоши отколку за време на Студената војна
Лидерите на САД, Велика Британија и Франција се повикуваат на податоци на медиуми и социјални мрежи, говорејќи за наводен хемиски напад во Сирија, изјави во интервју за Би- Би-Си рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој ги отфрли обвинувањата на американскиот претставник во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) дека Русија го расчистила местото, каде што...
Османи: Остварени 90 отсто од реформите предвидени со Планот 3-6-9
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во пресрет на утрешното излегување на Извештајот за состојбите и напредокот на Република Македонија, на евроамбасадорот Самуел Жбогар му го предаде финалниот фактографски извештај за реализација и имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9.
- Реализиравме преку 90 отсто од предвидените реформи во Планот 3-6-9 и 100 отсто од неговата суштина. Планот ја...
Песков: Русија се надева на обнова на дијалогот со САД
Русија се уште се надева дека ќе дојде до обнова на дијалогот со САД и покрај „сите штети“ врз билатералните односи што ги предизвика Вашингтон, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Се надеваме дека со текот на времето кога нашите американски колеги ќе ги надминат нивните внатрешни проблеми, ќе започнеме дијалог и покрај штетите што по вина...
Јанакиев: Го маваа Села по телото и главата, се обидов да го заштитам
Денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села на кое се сослушуваа сведоци заврши со сведочењето на Игор Јанакиев како сведок на обвинителството.
Главната расправа за овој случај ќе продолжи на 18 април.
На сведочењето, Јанакиев рече дека се обидел да го заштити Села од толпата народ. Истакна дека како вработен за обезбедување во МВР, на 27 април бил пред...
Боздаг: Турција не е на ничија страна кога е во прашање Сирија
Турција не е на ничија страна кога е во прашање Сирија, изјави денеска турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, коментирајќи ја оценката на францускиот претседател Емануел Макрон дека дошло „до разидување меѓу Анкара и Москва“.
- Турската политика кон Сирија не е да биде со некого или да биде против некого. Нашата политика е јасна, Ние сме на страната на правдата и...
ЦАС ја прифати жалбата на Скендер-бег
Судот за спортска арбитража (ЦАС) на својот официјален сајт објави одлуката за прифаќање на жалба на фудбалскиот клуб Скендер-бег на кој од страна на Албанската фудбалска федерација му беше одземена шампионската титула за сезоната 2015/16.
За потсетување, УЕФА во 2016 година го суспендира тим од учество во европските натпреварувања поради вклученост на клубот во повеќе од 50 местени натпревари.
Националната фудбалска...
По Демир Капија – Смоквица ќе се вози од следната недела, за почеток без патарини
На почетокот на следната недела се очекува да биде пуштена во употреба новата автопатска делница Демир Капија - Смоквица и по тој дел од автопатот „Пријателство“ првично ќе се вози без плаќање патарина.
Засега нема нова официјална најава за пуштањето на патот освен претходната дека тоа ќе се случи по 15-ти месецов, а директорот на Јавното претпријатие за државни патишта...
Нема да има лидерска средба за прашањето за името
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерска средба за текот на разговорите за прашањето за името најверојатно ќе нема, бидејќи, како што рече во Охрид немало некој посебен исчекор.
- Верувам дека веројатно ќе има средби, односно меѓусебно информирање од страна на министерот за надворешни работи и од моја страна и на претседателот на државата и на шефот на опозицијата,...
Прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за судови и за Законот за Судски совет
Министерството за правда и работната група на СДСМ прифатиле дел од предлозите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска дисциплинската одговорност за судиите и гласањето во Судскиот совет. Врз основа на овој договор денеска во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците беа прифатени седум амандмани од 14 предложени за измени и дополнувања на Законот за судовите и осум...








































