Заев: Прво проширување на парламентарното мнозинство, па реконструкција на Владата
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е се уште рано да се зборува за реконструкција на Владата и оти прво треба да бидат завршени разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство.
- Не сме дошле до таму. Јас реков дека до крајот на месецов ќе разговараме за зголемување на парламентарното мнозиснство. Ред е прво да видиме за колку ќе порасне и...
Семафор како решение за намалување на сообраќајните незгоди на „Борис Сарафов“
Семафор ќе биде поставен на критичното место на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров каде вчера беше повредено 10-годишно дете.
Од општината информираат дека во координација со Град Скопје добиена е информација дека на критичното место ќе биде поставен семафор со кој се очекува да се реши проблемот со брзото возење и непочитување на пешаците кои поминуваат на пешачкиот...
Евростат: Во 2016 во ЕУ родени повеќе од 5,1 милион бебиња
Во текот на 2016 година, во земјите од Европската унија се родени повеќе од 5,1 милион бебиња, соопшти денеска Евростат.
Во осум од 28 земји членки на ЕУ, мнозинството деца се родени во вонбрачни заедници, додека во останатите држави, во просек, две третини од бебињата се родени додека родителите им биле во брак.
Од секои 10 бебиња, шест се вонбрачни во...
Гевгеличанка без соодветно образование вршела очни прегледи
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г. (62) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.
Како што соопшти МВР, во периодот од мај 2016 година до поднесување на пријавата, пријавената, без да поседува соодветно образование, положен стручен испит и лиценца за работа за вршење на лекарска дејност, вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти.
Зеќири: Напаѓачите ме бараа и мене, но не успеаја да ме пронајдат
Пратеникот Мухамед Зеќири во својство на сведок на денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села го препозна обвинетиот Александар Јаневски-Тошта.
На сослушувањето, Зеќири посочи дека Села бил удрен со тврд предмет, но оти не можел да види кој го фрлил. Според Зеќири, обвинетиот Јаневски, кој тој ден носел црн елек и очила, го повлекол Села за рака и...
Медицинските сестри бараат да бидат платени по саатнина за дежурства, а не за ноќна смена
Унијата на здруженија на медицински сестри бара ноќниот труд на сестрите да биде платен според саатнината за дежурства, а не за ноќна смена, како што предвидува членот 2016 од Законот за здравствена заштита.
Претседателката на Унијата на шест здруженија на медицински сестри и на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, Гордана Бешлиовска, на прес-конференција истакна дека денеска ова барање...
Извештајот за неправилностите во општина Карпош испратен до ОЈО и до финансиската полиција
Долг од 18 милиони евра акумулиран изминатите години, дополнителни долгови, ненаменско користење кредит од 2,6 милиони евра, почнување изградба на нова општинска зграда без соодветна документација и одлука на Совет, простории во кои е сместена општина Карпош - дивоградба, како и доделување средства на граѓански организации без договори и повратни извештаи за потрошените пари, констатирал Државниот завод за ревизија...
Калина Велковска-Кали ја сними „Ти ми зеде сѐ“
„Ти ми зеде сѐ“ е првиот соло-сингл на Калина Велковска-Кали. Специфичноста на нејзиниот вокал и интерпретација го инспирираа нејзин прв соло-сингл. - Кали како вокалистка застапува многу различни бендови со жанровски различни стилови на музика, првпат запливува во меjнстримот како вокалистка на песната „Ти си насекаде“, во соработка со саксофонистот Горан Папаз и со композиторот, и јас како продуцент...
Комисијата за култура на средба со културните дејци од Кичево
За да ја подобри транспарентноста во своето работење, како и да им овозможи на граѓанските здруженија, невладините организации и на поединци блиски до културата да предлагаат проекти од оваа област што ќе бидат прифатени и финансирани со средства од локалната самоуправа, комисијата за култура одржа средба со културните дејци од Кичево Така, во претходната календарска година, од страна на...
Со концертот во МОБ, Вејчеслав Поповски го оствари својот сон
Младоста и дарбата, испреплетени со традицијата и искуството, и овој пат се покажаа како вистинска формула за успех, бидејќи она што го слушнавме беше многу впечатливо и длабоко и кај публиката предизвика многу емоции
Седумнаесетгодишниот Вејчеслав Поповски завчеравечер, со солистичкиот концерт во Македонската опера и балет, насловен „Љубовна елегија“, оствари уште еден свој сон. Тој во придружба на оркестарот со...








































