Облачно со локален дожд и ретки грмежи
Променливо облачно со локален дожд, на места пороен проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 23 степени.
САД и Британија ја обвинија Русија за глобален кибернетички напад
САД и Велика Британија денеска испратија заедничко предупредување на руски злонамерен кибернетички напад врз нивните администрации и инфраструктури.
- Мети на тој злонамерен кибернетички напад во главно се владите и организациите во приватниот сектор, снабдувачи на клучните инфраструктури и интернет провајдери - објавија во заедничко соопштение британскиот Нешенал Сајбер Секјурити Центер, американски ФБИ и полицијата.
Објавата на соопштението се случува во...
Романскиот претседател одби да ја смени главната антикорупционерка
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска рече дека нема да ја смени шефицата на антикорупциското тело Лаура Кодрута Ковеси, како што бараше Владата, во најновиот развој на настаните во спорот во врска со корупција, што доведе до улични протести.
Јоханис рече дека нема да ја смени Ковеси од местото главен обвинител на Државното антикорупциско тело затоа што министерот за правда Тудерел...
Работнички подобар од МЗТ, дербито се одигра пред празни трибини
Работнички го совлада МЗТ Скопје со 92:74 во „вечното дерби“ на македонската кошарка.
Поради технички проблеми натпреварот не се одигра во Градски парк и беше одлучено дербито да се игра во Гостивар. Во салата „Младост“ на трибините не беше дозволено присуство на публика и натпреварот помина во празна атмосфера без навивачите на двете екипи.
Првите две четвртини од натпреварот двете екипи...
Мантованели: Инвестициите во Македонија исчезнаа поради политичката криза
Политичката криза имаше сериозно влијание врз македонската економија, таа доведе до исчезнување на инвестициите од формулата за развој, а секако во земјата е пожелно да се видат инвестиции, а не само трошење.
Ова вечерва го порача директорот на Светска банка за Македонија и Косово Марко Мантованели, во интервју за емисијата „24 Анализа“.
- Една од критичните лекции за малите...
во интерес на Унијата и земјите членки е соработка со Западен Балкан.
Во интерес на Унијата и земјите членки е соработка со Западен Балкан, оцени денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Според неа, министрите за надворешни работи на 28 земји членки на ЕУ на денешниов состанок во Луксенбург имале опширна дискусија за односите со Западен Балкан.
- Го повторивме нашиот јасен ангажман и поддршка за цел регион,...
Студентски протест во Битола против промена на името
Протест на студентите против промената на името на државата се одржа вечерва во Битола.
Неколку стотини студенти, на кои им се приклучија и граѓани на Битола, го искажаа своето незадоволство од можната промена името на државaта, како и претворањето на Република Македонија во двојазична држава.
- Студентите се бунтуваат против прекршувањето на нивните основни човекови права и достоинство преку принудувањето да...
Повторно протести во Ѓорче Петров, се бара безбедност за пешаците
Жителите на Ѓорче Петров и вечерва протестираа пред ОУ „Мирче Ацев“ и ја блокираа улицата Борис Сарафов каде што вчера беше прегазено 10-годишно дете.
Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски најави дека на критичното место ќе биде поставен семафор.
Протестантите сметаат дека еден семафор нема да биде доволен и бараат да се постават лежечки полицајци, особено за безбедноста на учениците од...
Шулгин: Сценариото во Дума подготвено од Вашингтон
Провокативното сценарио во Сирија го подготови Вашингтон, изјави постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Александар Шулгин на денешната седница на ОПЦВ.
- Сè се развиваше според сценариото, кое однапред го подготви Вашингтон. САД, Велика Британија, Франција и уште некои држави брзо ја обвинија сириската власт по лажните вести од „Белите шлемови“ - изјави...
Насилства во американски затвор, најмалку седум мртви
Седум затвореници се убиени, а најмалку 17 се тешко повредени во насилствата во строго чуван затвор во Јужна Каролина, соопштија денеска американските власти.
Тепачката меѓу затворениците траела подолго од седум часа, пред да биде воспоставена контрола над затворот во Бишопвил.
Обдукцијата покажала дека повеќето од убиените се избодени или исечени со импровизирани ножеви, додека другите биле претепани до смрт.
Не е познато...








































