Нов генерален директор на Лондонската берза (ЛСЕ) од 1 август ќе биде Дејвид Швимер, еден од челните луѓе на инвестициската банка Голдман Сакс.

Групацијата ЛСЕ соопшти дека за генерален директор го именувала Швимер, откако неговиот претходник Гзавие Роле минатата година се повлече од таа функција по нешто помалку од десет години.

Швимер е во Голден Сакс веќе 20 години, каде неодамна работеше како директор за пазарни структури на глобално ниво и меѓународен раководител на Секторот за инвестициско банкарство во металскиот и рударскиот оддел.