„Споменици на револуцијата“ – патувачка изложба

Изложбата „Споменици на револуцијата“ на Марко Кројач ќе биде претставена во повеќе градови во земјава. По синоќешното отворање во Штип, во галеријата „Безистен“, изложбата патува за Кочани, Прилеп, Битола, Струга и Крушево. Марко Кројач, кој живее и работи во Берлин, е слободен уметник, активист, музичар, диџеј и хроничар. Повеќе од 15 години посветено ги документира монументалните споменици на НОБ...

Премиера на документарец за Шабан Трстена

Олимпискиот шампион доби документарен филмски запис насловен „Кобра“, чија премиера е вечерва, во 19 часот, во киното „Милениум“, во рамките на „Скопскиот филмски фестивал“. По монографијата „Патот на олимпискиот шампион“, освојувачот на златниот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година, Шабан Трстена, е овековечен и во документарен филм во режија на Игор Иванов-Изи. Сашко Насев е...

Турнеја на „Бикини Мун“ низ Македонија

Со проекциите во Штип, вечерва и на 25 април, почнува турнејата со киноприкажување во Македонија на „Бикини Мун“, петтиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Филмот ќе игра во дваесетина града низ земјава, меѓу кои и Кочани, Македонски Брод, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Велес, Гостивар, Прилеп, Куманово. „Бикини Мун“, првиот американски филм на Манчевски, снимен е во Њујорк,...

Замина последната певица основоположничка на Операта

Со своето дејствување како уметница Павлина Апостолова остави длабоки траги во историјата на нашата оперска култура. Она што таа ни го подари како наследство сигурно ќе биде пример и поттик за младите генерации музичари што сакаат да го посветат својот живот на оперската уметност Во длабока старост, на 90-годишна возраст, животната сцена ја напушти Павлина Апостолова, последната од неколкуте вокални...

„Тенк“: Сослушан личниот возач на Груевски

Личниот возач на поранешниот премиер Никола Груевски, Ацо Јаневски, како и останатите сведоци на одбраната денеска пред Судот посочија дека набавката на мерцедесот била неопходна. Јаневски рече дека често се соочувале со механички проблеми од кои како главен проблем биле гумите на возилото, барајќи такви гуми веќе не се произведувале и морале да стават други, со што како што додаде,...

Бошњаковски: Сите материјали и целосната надлежност за „Монструм“ се во судовите

 Во овој момент како Влада нема да си дозволиме да коментираме судска постапка што е во тек и укажуваме дека сите материјали и целосната надлежност се во рамки на судовите во Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање, каде се разговорите меѓу обвинетите и Невзат Бејта за случајот „Монструм“. Одговарајќи дали премиерот...

Бихаќ преплавен со мигранти

Изминатата недела во Бихаќ се забележува присуство на голем број мигранти што доаѓаат од Алжир, Сирија, Ирак и од Палестина. За ова веќе има реакции од локалното население, а со официјално писмо до градоначалникот Шихрет Фазлиќ се обратија и од Исламскиот педагошки факултет во Бихаќ, во кое се посочува на проблемите со мигрантите. Мигрантите ги има насекаде во градот,...

Влијанието на стресот кај мајката врз развојот на мозокот кај бебето

Во некоја од скорешните колумни во „Нова Македонија“ зборувавме за тоа како влијае стресот на некои мозочни функции, особено на помнењето. Покажавме, врз база на понови научни сознанија, колку стресот од секојдневието негативно влијае на нашите мозочни функции. Во таа насока, денешниот напис е посветен на влијанието на стресот, уште интраутерино, врз развојот на мозокот на уште нероденото дете. Откривање на...

За крупните земјоделци милиони лева, за малите – стотинки

Речиси 93 проценти од помошта доаѓа од Заедничката земјоделска политика на ЕУ и државниот буџет на Бугарија, а завршува во рацете на само 10 отсто од производителите Во Бугарија поголемиот дел од европската помош за земјоделците завршува во рацете на големите земјопоседници и земјоделци. Во исто време, малите фармери едвај преживуваат, се заклучува во текстот на „Дојче веле“ посветен за...

Централен Берлин евакуиран поради „изворот на сето зло“

Масовна евакуација беше спроведена во централен Берлин, со цел експертите да можат да деактивираат бомба од Втората светска војна, пренесува Би-би-си. Во евакуацијата беа опфатени околу 10 илјади луѓе, односно бројни домови, министерства и музеи. Се верува дека експлозивната направа тешка 500 килограми, е од британско производство, а таа беше пронајдена во текот на градежни работи во „Хајдештрасе“. Полицијата објави...