Вработени во „Еурокомпозит“ го блокираа патот Прилеп – Градско

Со тричасовна блокада на патниот правец Прилеп-Градско на излезот од Прилеп, вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ и денеска, втор ден по ред, протестираа барајќи исплата на плата, според договорот со Владата. Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, од исплатата на првата плата поминале повеќе од месец и половина, а за наредна, според најавите треба да чекаат барем уште еден...

Планот 18 е во почетна фаза и се однесува на активности до крајот на 2018 година

Планот 18 е во почетна фаза и се однесува на активности што треба да се преземат до крајот на 2018 година врз основа на Извештајот од Европската комисија, изјави денеска владниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што соджри Планот 18. - Овој план Владата на Република Македонија го утврди заедно со Европската комисија врз основа на...

Баба штитела бесправно изграден ѕид со телото на внукот

Баба го ставила малолетниот внук на бесправно изграден ѕид, за да не и го урне инспекција, по што заради надминување на проблемот бил алармиран Центарот за социјални работи од Кавадарци. - Ние добивме информација дека дете се користи како жив штит при уривање на ѕид од инспекција. Наш стручен тим веднаш излезе на местото на настанот. Детето било затекнато во...

Фејзи Азири вратен во затворот во Штип

Фејзи Азири, еден од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, денеска во 13.30 часот со полициско обезбедување е вратен во затворот во Штип, потврди за МИА директорот на затворот Мики Тодоров. Азири е вратен во затворот, каде треба да издржува затворска казна за недозволено поседување оружје. Тој се наоѓаше на Клиниката за пулмологија. Азири претходно...

Професори од Оксфорд на ЕСРА

На универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје се одржаа две предавања од истакнати професори од универзитетот „Оксфорд“ во Англија. Во големата аула, професорката Ана Јирвуд одржа предавање на тема „Методологија на истражувањето во уметноста“, а професорот Џонатан Брант го претстави култниот американски режисер Теренс Малик, со посебен акцент на неговиот филм „Деновите на небото“. Овие предавања се организираат во рамките на програмата...

Анѓушев: Се фокусираме на инфраструктурните проекти

Извештајот на Европската комисија многу јасно, точно и прецизно ја отсликува состојбата на македонската економија, а Владата, согласно прекпраките, ќе работи посветено на инфраструктурата и на инфраструктурните проекти, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. - Во минатото пропуштивме драгоцени години да ги насочиме парите што ги трошевме од даночните обврзници во Република Македонија исклучиво во инфраструктурата, наместо да...

Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ патува во Берово

Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ утре и задутре гостува во Берово. Во текот на двата дена во Бизнис-центарот во Берово учениците ќе ги гледаат италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот гангстер“, ќе дебатираат под модераторство на актерката Нина Максимова. Креативноста ќе ја надградуваат под менторство на Зорица Нушева во актерската работилница, со Роберт Јанкуловски на работилницата за...

Црното злато на иднината е бело

Литиумот за батерии веќе ја менува геополитичката слика на светот. Чиле го нарекуваат Саудиска Арабија на иднината, бидејќи има најголеми резерви на литиум во светот. Неговиот електрохемиски потенцијал го направи стратешки метал за иднината на автомобилската индустрија, пренесува „Јутарњи лист“. Побарувачката за литиум во светот е се поголема. Најголем производител на литиум-јонски батерии е Кина, а најголеми европски потрошувачи се...

Промоција на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска

Книгата „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска, вечерва, во 20 часот, ќе биде промовирана во „Кино култура“. За книгата ќе зборуваат промоторите Влада Урошевиќ и Владимир Мартиновски, извадоци од книгата ќе чита актерката Симона Димковска, а настанот визуелно ќе биде збогатен со фотографиите на Зоран Ричлиев. Се работи за 158 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа...

Премиера на „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева

Премиера на претставата „Партија реми“ на текст на Доналд Ли Кобурн, во режија на Виолета Џолева, ќе биде изведена вечерва, во 20 часот, во Драмски театар. Костимите се на Лидија Георгиева, сценографијата на Доротеа Ѓорѓиевска, а изборот на музиката е на режисерката. Играат: Велер Мартин, Ѓокица Лукаревски, Фонсија Дорси, Маја Вељковиќ-Пановска и др. Драмскиот текст „Партија реми“ од американскиот драмски...