Индонезиски рибари спасија 76 Рохинџи

Индонезиски рибари спасија 76 Рохинџи од брод, кој се насукал недалеку од крајбрежјето на провинцијата Ацех, соопшти денеска индонезиската полиција. Засега не се знае колку долго патувале по морето. Неколку дена пред тоа, малезиските власти пресретнаа чамец со 56 лица, за кои се претпоставува дека се Рохинџи. Од минатата година, околу 700.000 Рохинџи, муслимани побегнаа од Мјанмар во соседен Бангладеш.

Јилдирим: САД треба да учат од Турција како се спроведуваат избори

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска им порача на САД да се занимаваат со своите внатрешни проблеми, а не да изразуваат сомнежи околу начинот на кој ќе се спроведат претстојните предвремени претседателски и парламентарни избори во Турција. - Прво, САД нека се справат со своите внатрешни работи. Досега, тие не ги завршија споровите за измамите на нивните сопствени избори. А ако...

ЕЛЕМ:Тендерот за технолошко чистење во РЕК Битола поништен поради утврден пропуст во тендерската документација

Тендерот за избор на фирма за технолошко чистење во РЕК Битола е поништен на 6 март годинава откако е утврден пропуст во тендерската документација, т.е. во предметот на набавката. По добивањето на дополнителната документација од службата во рудниците во РЕК Битола, каде треба да се врши чистењето, следната недела тендерот повторно ќе биде објавен, информираат од АД ЕЛЕМ. Паралелно со...

„Дух“ – нова премиера на МНТ

Претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ во вторник премиерно ќе биде изведена во Македонкиот народен театар. Гораст Цветковски ја толкува главната улога - Александар Мара или духот, а покрај него играат Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски. Сценограф...

За полесно движење се бара јавен превоз во Тетово

Неколку десетина активисти на невладини организации од Тетово со перформанси и протестен марш го изразија незадоволството од тоа што во градот не функционира јавниот превоз. Учесниците на протестот се собраа на градскиот плоштадот и маршираа до зградата на општината. За да илустрираат потешкотии во движењето во Тетово симболично користеа колички кои се употребуваат во градежништвото, а имаше импровизирано направен...

Британските пратеници формираа група за борба против руското влијание

Британските пратеници формираа специјална група, која се фокусира на руското мешање, истакнувајќи дека мора повеќе да се направи за да се разбере дименизијата на „малигното влијание“ на Москва. Во новата Руска координациска група членуваат лидерите на неколку влијателни парламентарни комитети, вклучително и надворешнополитичкиот и одбранбениот комитет. Конзервативниот пратеник Том Тагендхат, претседавачот на групата, изјави дека Велика Британија треба да ги следи...

Ѓошевски и Поповски обвинети за настаните од 27 април излегуваат од притвор со гаранција

На поранешниот шеф на обезбедување на претседателот на Собранието, Горан Ѓошевски, и на екс началникот во МВР, Оливер Поповски, кои се дел од обвинети за настаните од 27 април во македонското Собрание, им се укинува мерката притвор за што е поднесена гаранција. Во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 се наведува дека Кривичниот совет го прифатил предлогот на одбраната...

Саботна книжевна дружба и размена на книги

Деветата книжевна дружба и размена на прочитани книги, во организација на Фејсбук групата „Размена на книги“ ќе се одржи на 21 април 2018 година, во Ирскиот Паб на кејот на Вардар, Градски Тровски Центар - Скопје. -Сите љубители на пишаниот збор, ве покануваме да си ги донесете прочитаните книги и сите убави мисли поврзани со книгите, да ги размениме книгите...

Од следната година се воведуваат две нови вакцини

Со две нови вакцини за пнеумокок и рота вирус се осовременува календарот за имунизација, со што Македонија станува лидер во регионот на поле на имунизацијата. Тие вакцини од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата. Ова денеска на средба со новинарите го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе бидат воведени уште...

Од утре може да се аплицира за субвенции за велосипеди

Субвенции за велосипеди, нов екоавтобус и велосипедски патеки, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Јавниот повик за субвенции за велосипеди ќе биде објавен утре, а за првпат ќе им се овозможи и на лицата со телесен инвалидитет да аплицираат на огласот. - Воведовме измени во Правилникот со цел да овозможиме поголем број граѓани да добијат субвенции, а за првпат...