Осврт кон роман на Османли во „Политика“

Деновиве белградска „Политика“, во рубриката за култура, објави осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли, кој во превод на српски на Зоран Ж. Пауновиќ го објави угледната издавачка куќа „Албатрос плус“ и го претстави на изминатиот голем белградски Октомвриски саем на книгата. Во освртот, насловен „Ново во книжарниците - Романот на Томислав Османли“, стои дека станува збор за...

Композиторите бараат преиспитување на одлуката за поништување на конкурсот

Во отсуство на објаснување зошто се случиле административните пропусти и зошто министерот не ја почитува препораката на комисијата, можеме само да претпоставиме дека на министерот не му се допаднал списокот со наградени автори, реагираат македонските композитори Композиторите Јана Андреевска, Андреј Блажевски, Валентина Велковска-Трајановска, Кокан Димушевски, Филип Иванов, Илија Илиевски, Горан Начевски, Ана Пандевска, Бојана Петровиќ, Сони Петровски, Драган Стојковски Тодор Трајчевски,...

Каде го наоѓа Владата овластувањето за склучување меѓународен договор за промена на името

Повод за овој текст е најавеното склучување меѓународен (билатерален) договор меѓу Република Македонија и Република Грција, за ново име на Република Македонија, со привремена рамка за имплементација на евентуалното идно решение за името. Притоа, како олеснителна околност во постапката на склучувањето на таквиот договор, која ќе го забрза решавањето на спорот, се наведува дека Уставниот суд на Република Македонија...

Српската листа не формира ЗСО

Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, соопшти дека се откажува од едностраното формирање на заедницата на српски општини (ЗСО), што претходно го најави за 20 април. Ваквата најава следува по средбата во Звечани на претставници на Српската листа со членовите на работната група што ја формира косовската влада, со задача да го подготви статутот на ЗСО. Претставникот на Српската листа,...

Закупецот на градот-хотел Свети Стефан работи со загуба

Компанијата „Адриатик пропертис“, сопственост на грчки бизнисмен, која е закупец на црногорскиот туристички бренд Свети Стефан-Милочер, минатата година ја заврши со загуба од 6,3 милиони евра. Оваа информација е содржана во финансискиот извештај, кој компанијата го достави до даночната управа на Црна Гора. Грчката фирма во претходните години работи со загуби, кои се акумулирани на ниво од 83,3 милиони...

Најмалку 10 загинати во протестите поради пензиски реформи во Никарагва

Во насилни протести против предложени измени на пензискиот систем на Никарагва загинаа најмалку 10 луѓе во изминатите два дена, соопшти денеска владата на таа држава. Станува збор за најголеми протести откако претседателот Даниел Ортега пред 11 години дојде на власт во таа централноамериканска држава. Со планот на владата ќе мора да се одвојуваат поголеми придонеси за пензискиот систем, а новиот закон...

Младиќ и Караџиќ влегуваат во учебниците по историја

Учениците во Република Српска во учебниците по историја наскоро би можеле да изучуваат и одредени податоци за последните воени случувања и за непосредните учесници во нив. Медиумите во овој ентитет објавија дека во учебниците опширно ќе бидат прикажани настаните за создавање на Република Српска, за тоа кои се Ратко Младиќ и Радован Караџиќ и за другите личности во воено-политичкото...

И ластовичките може штркови да бидат

Фрштат меѓупартиски дилови и тендери. Администрацијата се полни со партиски безработници, владините кабинети и министерства се натрупаа со активисти чија задача е лов на неистомисленици. Даноците растат, производите поскапуваат. Државата секој месец се задолжува. Е, каде се сега оние што до вчера врескаа против партиски вработувања, тендери, администрација, нови оданочувања и задолжувања? Размислувам за лажната авангарда, децата на црвената буржоазија,...

Македонија (не) е Свазиленд

Според најновите пишувања во грчките медиуми, од исходот на спорот зависи и судбината на грчките пензионери. Дури до една ваква апсурдна корелација е доведен спорот. Пензиите наспроти името и идентитетот. Некои да добијат грст драхми на своето конто, други да изгубат сѐ. За едни смешен подарок, за други сурова казна. Да не беше тажно, ќе беше смешно. За жал,...

Стејт департмент: Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност“

Администрацијата на претседателот на САД смета дека Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност" поради кршење на човековите права на граѓаните во овие и други земји. Во годишниот извештај за човековите права во светот, Стејт департментот издвои четири земји поради сериозни повреди на човековите права, вклучувајќи ги ограничувањата на слободата на изразување и здружување, како и дозволување...