Владата ќе ги зајакнува инспекциските служби

Ќе се доекипираат инспекциските служби во Република Македонија, соопшти Владата. На денешната 65. седница, како што соопшти владината прес-служба, министрите донесоа заклучоци за кадровската екипираност на инспекциските служби во Република Македонија со план за нивно доекипирање. 

Формирана Група Охрид за поддршка на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Групата Охрид за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ ја промовираше денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со поранешниот генерален секретар на Алијансата, лорд Џорџ Робертсон, кој ја предводи групата високи дипломати во посета на земјава.  - Денеска сме тука заеднички да го објавиме конституирањето на Група Охрид, која ќе дава поддршка за...

Нападнато момче на автобуска станица на Бит пазар

Четири непознати лица завчера физички нападнале 17-годишно лице на улица „Крсте Мисирков“ во Скопје. Случајот во Полициската станица Бит пазар го пријавил таткото на седумнаесетгодишното момче на 23 април. Според пријавата момчето било нападнато околу 21 часот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ при што непознатите лица го удирале со боксови во пределот на главата. Се работи на целосно расчистување на...

Поранешниот телохранител на Бин Ладен прима социјална помош во Германија

Поранешниот телохранител на Осама бин Ладен, Сами А., веќе со години мироно живее со семејството во Берлин и прима социјална помош, откако германски суд донесе одлука дека не смее да биде протеран во родниот Тунис. Партијата Алтернатива за Германија до покраинската Влада на Северна Рајна Вестфалија упати прашање за него, по што доби одговор дека Сами А. месечно прима над...

„Фајтинг виндмилс“ ќе одржат концертна промоција

Промоција на новиот албум на скопскиот бенд „Фајтинг виндмилс“ – „An Exercise in Surprise LP“, како издание за независниот музички издавач „Шарла Рекордс“, ќе се случи в четврток со почеток во 21 часот во кафулето „Менада“. „Фајтинг виндмилс“ е музички колектив составен од пет музичари собрани околу овој проект во 2007 година од кога имаат реализирано пет албумски изданија. Се...

Дачиќ: Решавање на косовското прашање само преку компромис

Во интерес на Србија, не е поништувањето на Бриселскиот договор, туку неговото спроведување, изјави министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ за Танјуг. Тој истакна дека решението за косовското прашање може да се постигне само со компромис, а убедувањето дека Србија може со сила да се присили да го признае Косово, решението за тој проблем го прави се подалечно. Запрашен...

Над 13 милиони Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош

Над 13 милиони Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош од меѓународната заедница, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош и справуавње со кризи, Христос Стилијанидис. Во изјава пред втората конференција на меѓународни донатори за Сирија во Брисел, тој нагласи дека хуманитарната ситуација во Сирија се влошува. - Над 13 милиони луѓе од кои шест милиони се деца, имаат потреба од хуманитарна помош, изјави...

Повозрасните Јапонки бегаат од самотијата во затвор

Припадниците на повозрасната популација во Јапонија се чувствуваат изолирано, па се почесто се насочуваат кон криминал во надеж дека затворот ќе им овозможи нов дом, пренесува британски „Индепендент“.  Ваквата практика се должи на отсуството на грижа за повозрасните од страна на семејствата, што порано претставуваше традиција во Земјата на изгрејсонцето. Тоа го докажуваат и статистичките податоци според кои бројот на...

Шчербак: Македонија добро да ги анализира последиците од влезот во НАТО

Секоја држава има сопствен избор за градење на националната безбедност без разлика дали тоа е со членство во НАТО или воена неутралност - изјави рускиот амбасадор Олег Шчербак, говорејќи пред студентите од Факултетот за безбедност. - Секоја земја треба самостојно со референдум и почитување на волјата на мнозинството да одлучи за членство во сојузи. Постојат успешни воено неутрални држави во...

Чествување за Узунов во селото Цер

Денес на споменикот во село Цер кичевско, беше одбележана 113 годишнината од саможртвата на Христо Узунов и неговите соборци, кои за да не паднат живи во рацете на непријателот сами си го одзеле животот. На денешното чествување во село Цер, најпрво учениците од ЦОУ „Христо Узунов“ од село Другово ја изведоа химната и песната за Узунов, три ученика од ова...